Базиликата на Исусовото раѓање е назив за црквата кој се наоѓа во Витлеем, Израел. За оваа базилика се верува дека е изградена на местото каде бил роден Исус Христос. Денеска, оваа црква спаѓа под надзор на грчката православна црква во Ерусалим, ерменскиот ерусалимски патриарх. Се смета дека била изградена во 333 година, и тоа по налог на Константин I. Во 6 век била доградена од страна на Јустинијан.