Мртво Море е солено езеро во Блискиот Исток, во кое се влива реката Јордан. Морето граничи со Израел, Западниот брег (на р. Јордан) и Јордан.
Езерото е расположено на 396 m под морското рамниште и има плоштина од околу 1020 km2. Солта во морето е застапена со околу 30%. Мртво море е околу 76 km на должина и 18 km на ширина, при што најдлабоката точка изнесува 400 m.
Езерото е разделено на два дела- северен, кој е и подлабок и јужен кој е поплиток (само 6 м), во која се наоѓаат и големите количини на сол, кои приликуваат на леденици. Во текот на летото температурите достигнуваат 50 степени по Целзиј и водите на реката Јордан и неколку помали потоци, оставајќи остатоци од глина, песок, камења од сол и гипс на дното на езерото. Во текот на влажните зими во Мртво Море се изливаат секојдневно над 6,5 милиони тона врнежи.
Мртво Море скоро нема растенија и животни. Само некои едноклеточни успеваат да преживеат во 6 пати посолените води на езерото спрема оние на океаните.