Ватикански музеи (italiano. Musei Vaticani) — една од најголемите музејски установи од овој вид во светот, каде се изложени уметнички дела од огромната збирка собрана од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во XVI век, односно во 1506 година. Систинската капела и Рафаеловите одаи (Stanze della Segnatura) се на патеката на посетителите низ музеите.
Во 2007 година, музеите ги посетиле 4.310.083 луѓе.
Основањето на Ватиканските музеи се поврзува со една мермерна скулптура купена пред 500 години. Скулптурата „Лаокон и синовите“ била откриена во едно лозје близу до црквата Санта Марија Маџоре во Рим. Папата Јулиј II ја откупил статуата од сопственикот на лозјето и ја изложил во Ватикан. Од тоа време изложбата постојано се проширувала.
Збирката најпрвин била сместена во Домот на Борџија, а во времето на Папа Пиј XI била изградена посебна зграда. Изложбата содржи слики на Микеланџело, Рафаел и Фра Анџелико.
Збирката на современа религиозна уметност претставува слики и скулптури од познати автори, како што се Карло Кара и Џорџо де Кирико.
Една група на музеи претставуваат само скулптури:
Папа Клемент XIV го основал овој музеј во 1771 година и првобитно содржел ренесансни и антички дела. Неговиот наследник, папа Пиј VI ја проширил изложбата. Денес овој музеј изложува само скулптури од грчката и римската антика.
Има вкупно 54 галерии, од кои Систинската капела е последната и за да се дојде до неа мора да се минат претходните 53. Овие галерии изложуваат прекрасни скулптури, како што се „Заспаната Аријадне“, „Канделабрите на Барберини“, „Трите Грации“ и други.
Музејот е наречен според световното семејно име на папата Пиј VII, кој го основал во раните 1800-ти. Музејот се состои од голема засводена галерија во која се изложени неколку статуи, саркофази и фризи.
Основан е од папата Грегориј XIII во 1836 година и има осум галерии со важни Етрурски дела од археолошки ископувања. Делата вклучуваат вазни, саркофаг, бронзи и збирката „Гулјеми“.
Основан е од папата Грегориј XVI и има голема збирка на староегипетски материјали, како што се папируси, мумии на животни, познатата збирка „Граси“ и познатата „Книга на мртвите“.