Персеполис е грчкото име на древниот персиски град Парса, една од престолнините на Персија. Останките на денешниот град се разположени на 70 km североисточно од градот Шираз во Иран. Се смета дека градбата на градот била започната околу 515 п.н.е. од страна на царот Дариј I. Персеполис бил изгорен од страна на Александар Македонски во текот на 330 п.н.е. По Александар, градот останал да служи како престолнина на Персија, за да многу бргу градот биде изоставен и како центар на областа да стане Истахр. Од 1979 година,градот е под заштита на УНЕСКО.
Видете исто така: Список на светско културно и природно наследство на УНЕСКО