Аеродром Александар Велики

Аеродромот „Александар Велики“ Шаблон:Airport codes, исто така познат и како Аеродром Петровец (именуван по неговото најблиско село Петровец) и како Аеродром Скопје. Oвој аеродром е најголемиот и најпрометниот меѓународен аеродром во Македонија.

Во 2006, македонската влада ги објави плановите за менување на името на аеродромот, од „Аеродром Скопје“, во „Аеродром Александар Велики“. Ова преименување резултираше со обновени грчко-македонски протести, бидејќи и двете држави го сметаат Александар Македонски како свој.

Историја

Првиот аеродром бил изграден во 1928 година, на 3 км оддалеченост од центарот на градот (денешна населба Аеродром), по дваесет години од првиот историски лет на браќата Рајт. Тој аеродром имаше меѓународна класификација, а се користеше само за дневни домашни и чартер летови. Пред Втората светска војна, во периодот од 1935-36 година, покрај Аеродромот Скопје во употреба беше и Аеродромот Битола.

Првиот патнички авион кој слета на Аеродромот Скопје беше „Потез 29“ од француско производство, додека пак првиот лет беше на релација Белград-Скопје-Подгорица-Мостар-Сараево-Белград. Тој превезе 5 патници и 290 kg товар. Во 1929 година била воспоставена авионска линија Солун-Скопје-Белград. Времето на тргнување било така планирано што на патниците и трговците од Солун им овозможувало заштеда на време. Авионите поаѓале во 7 часот наутро. Големиот жупан на Скопје, Антонио Вилдовиќ, во 1925 година, како вљубеник во воздухопловството и прв човек на власта, купил еден француски авион “Каљдран”, прв цивилен (спортски) авион во Кралството Југославија. Прв пилот бил М. Јерошенко. Eсента 1926 година бил одржан првиот аеромитинг со учество на воени авиони и пригодна програма. Секоја година се одржувале аеромитинзи во Зајчев рид и во стариот Аеродром. Посетителите на аеромитинзите за 30 динари можеле да пробаат да летаат со авион. Kако куриозитет старите Скопјани го сметаат слетувањето на Еми Џонсон, една од првите жени-пилоти во светот, на скопскиот аеродром во 1930 година при нејзиното враќање од Австралија за Лондон. Во 1937 година во договор со авионското друштво “Аеропут” и Сидна, Министерството за сообраќај воспоставило авионски сообраќај со Кралството и странство. Со оваа линија стасувал и весникот “Правда” од Белград. Првиот меѓународен лет се изврши во 1930 година на релација Виена-Грац-Загреб-Белград-Скопје-Солун.

По Втората светска војна, во 1946 година беше воспоставена линија на релација Белград-Скопје со 5-6 летови секој работен ден во неделата, со авион ДЦ-3 (23 седишта). Во 1951 година беше воспоставен лет на релација Белград-Скопје-Солун-Атина, а по три години Белград-Скопје-Истамбул.

Во 1963 година до катастрофалниот земјотрес и по проширувањето на градот потоа, аеродромот остана на истото место.

Во 1987 година се изгради новата терминална зграда на местото на стариот аеродром со забележително поголем капацитет. Во временскиот период 1993-95 година се заврши надворешната реконструкција и проширување. Фактори кои имаа влијание на обемот на сообраќај на Аеродром Скопје во изминатите години:

  • периодот 1989-1991 во СФРЈ - голем број на домашни летови
  • периодот 1991-1992 осамостојување на РМ - само летови за странство, само чартер летови
  • периодот 1992-1995 санкции во СРЈ - зголемување на бројот на операциите и патниците, воспоставување на редовни линии кон некои дестинации
  • 1996 - реконструкција на пистата на Аеродром Скопје - затвореност на аеродромот 2.5 месеци и намалување на обемот на сообраќај
  • 1998 - делумни санкции на СРЈ - зголемување на бројот на трансферните патници
  • 1999 - (Косовска криза) делумно затворање на регионот (пренасочување на патниците од Аеродром Приштина) , зголемен број на хуманитарни и војни операции.
  • 2000 - нормализирање на состојбите во регионот, зголемен број на редовни линии, сѐ уште се пренасочуваат патниците од Приштина
  • 1999 и 2000 год - зголемен обем на сообраќај во однос на претходните години приближно за пола. Од септември 2000 почнува да се намалува пренасочувањето на патниците од Приштина, така што во 2001 година се враќа обемот на сообраќај на ниво пред 1999 година.
  • 2001 - нарушување на состојбите во земјата на работ на војна, и состојбите во вкупното воздухопловство во светот поради терористички активности, откажување на редовни линии и престанок на оперирање на неколку редовни авиопревозници, мал број на чартер линиии, обид за воведување на домашен сообраќај.
  • 2002 - состојбата се нормализира така што имаме минимално зголемување на бројот на патници во однос на претходната година, но се намалува бројот на воени летови што влијае на намалување на бројот на операции.
  • 2003 - Ирачката војна и САРС синдромот на почетокот на годината предизвикаа глобално намалување на обемот на сообраќај во светот. Кај нас, континуираното намалување на migrant чартерите (за Цирих и Германија), како и на воените летови продолжува, додека постои тренд на зголемување на редовните линии.
  • 2004 - Благо опоравување во однос на претходната година кога имаше намалување на сообраќајот, што претежно се должи на воведување на 4 нови странски редовни превозници.
  • 2005 - Зголемување на сообраќајот во однос на претходната година, Намалување кај туристичките чартери, особено по случувањата во Шарм ел Шеик кон крајот на јули.
  • 2006 - Воведување EDS DCS систем за компјутерско чекирање од 16 јануари, пораст на сообраќајот за 4% во однос на 2005 год. Во структурата на сообраќајот најголем удел имаат редовните линии на кои се превезле 94% од вкупниот број на патници .
  • 2011 -

Во структурата на сообраќајот, карактеристично е дека во периодот пред 10 години учеството на редовните линии во вкупниот број на операции бил 10% наспроти чартер линиите кои учествувале со дури 74%. Оттогаш наваму, редовните линии постојано се зголемуваат, а чартерите се намалуваат.

На оддалеченост од 50 км не постои друг аеродром, а на оддалеченост од околу 100 км е аеродромот во Приштина, а на оддалеченост од 200 км се аеродромите во Солун, Охрид, Ниш, Тирана, Подгорица и Софија.

Историја на несреќи

На 5 март 1993 авион од типот Fokker F100 на Palair Macedonia се урна само неколку секунди по полетувањето од пистата број 34 на лет кон Цирих. Истрагата за несреќата ја открила причината која лежела во екипажот. Имено тие не го одмразиле леталото пред заминувањето. Од 97 луѓе во авионот, 81 загинале.

Избор на концесионер за реновирање на аеродромот

Како дел од прогресот кон членството на ЕУ, Република Македонија треба да изврши реформа на националниот сектор за воздухопловство. Една од клучните цели на оваа реформа е да се олесни можноста за учество на приватниот сектор во финансирањето, развојот, оперирањето и одржувањето на аеродромите во Република Македонија. Во овој контекст, Владата на Република Македонија, преку Министерството за транспорт и врски се обидува да ја подобри техничката и финансиска позиција на националниот аеродромски систем, кој се состои од аеродромот „Александар Велики“ – Скопје , „Св. Апостол Павле“– Охрид и изградба на новиот карго-аеродром во Штип. Проектот ќе вклучува: (I) управување, оперирањето и одржувањето на сите три аеродроми, (II) градежништво, набавка и изградба на нова терминална зграда и соодветната пропратна инфраструктура на аеродромот „Александар Велики“ – Скопје, (III) реновирање на одредени капацитети на аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид и (IV) изградба на нов карго-аеродром во Штип. Турската компанија „TAV“ е единствената која достави понуда на тендерот за издавање на аеродромите „Александар Велики“ - Скопје и „Св. Апостол Павле“ - Охрид, и за изградба на карго-аеродром во Штип.

Наведени во следните категории:
Објавувате коментар
Совети
Уредување од:
Sandra H
17 October 2015
New! "Telekom hotspot" available with free wifi for 30mins (you have to confirm via browser). After security, the cheapest water is at Burger King (55mkd).
Tayfun Irmak
27 January 2018
It is a little airport but crowded. It is possible to sleep on benchs.And they have Baggage custody in the airport. Prices are like one piece starts 150 MKD.
Rafa L.
9 November 2016
Best exchange rate 1:66(€) I could find and 5€ SIM card for 1gb, regular bus to the city. The massage chair is nice as well. Very good first impression to Macedonia.
Julian Hand
25 August 2015
Good, small airport, quick customs and passport control. Buy your data card for less than 10 Euros outside. - also micro and nano sim.
Dimitar Cukaliev
20 January 2013
If you fly with WizzAir, even if you have web check-in and no bag to check you steel have to wait in the line to check your carry on size.
Jure Avramovic
3 December 2014
New, modern, clean airport! Very fast and effective check in and smooth customs and passport control.

Хотели во близина

Видете ги сите хотели Види се
Hotel Bellevue

почнувајќи од $45

Hotel Bellevue

почнувајќи од $31

BEST WESTERN HOTEL TURIST

почнувајќи од $0

The Hunter's Lodge Kamnik

почнувајќи од $69

Hotel Russia & Spa

почнувајќи од $55

Hotel Porta

почнувајќи од $46

Препорачани место во близина

Види се Види се
Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Чифте амам

Чифте амам е поранешен амам во Скопје, којшто се наоѓа во средишниот

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Стара скопска чаршија

Старата скопска чаршија (Türkçe. Eski çarşı Üsküp; shqip. Çarshia e V

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Национална галерија на Македонија

Националната галерија на Македонија е уметнички музеј на Република Мак

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Црква „Св. Спас“ - Скопје

Црквата Св. Спас е еден од најзначајните споме

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Музеј на Македонија

Музеј на Македонија — музејска установа составена од пове

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Мустафа-пашина џамија

Mustafa Pasha Mosque is a mosque located in the Old Bazaar of Skopje,

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Порта Македонија

Порта „Македонија“ е споменик во облик на триумфална арка кој

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Музеј на македонската борба

Музејот на македонската борба се наоѓа во Скопје, Македонија

Слични туристички атракции

Види се Види се
Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Singapore Changi Airport

Singapore Changi Airport Шаблон:Airport codes, or simply Changi Airpo

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Hamad International Airport

Hamad International Airport (IATA: DOH, ICAO: OTHH) (Arabic: مطار حمد

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Incheon International Airport

Incheon International Airport (IIA) Шаблон:Airport codes (한국어.

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
New Chitose Airport

New Chitose Airport (新千歳空港, Shin-Chitose Kūkō) (IATA: CTS, ICAO: RJCC)

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Аеродром Анталија

Аеродромот во Анталија (IATA: AYT, ICAO: LTAI) е аеродром оддалечен 1

Видете ги сите слични места