Аеродромот Ница Азурен Брег (français. Aéroport Nice Côte d'Azur) Шаблон:Airport codes е аеродром сместен на 3,2 километри југозападно од Ница, во департманот Поморски Алпи, во Франција. Аеродромот е оддалечен 7 километри на запад од центарот на градот и е главен аеродром за пристигнување на патниците на Азурниот Брег. Тој е третиот најпрометен аеродром во Франција по двата аеродроми во Париз, Шарл де Гол и Орли. Се наоѓа на западниот крај на Англиското шеталиште, близу Аренас и има два терминали. Поради близината до Кнежевството Монако, исто така служи како аеродром на оваа град-држава, со хеликоптерска врска помеѓу кнежевството и аеродромот. Некои авиопревозници го рекламираат Монако како одредиште преку аеродромот Ница.
Трговската комора и индустријата од Ница Азурен Брег управуваат со аеродромот од 2008.
Доминик Тило е претседателот на Аеродроми Азурен Брег (ACA), каде е приклучен и аеродромот Кан-Манделе. Во 2010 патувале скоро 10 милиони патници преку аеродромот, а бројот се зголемил за половина милион патници во 2011. Аеродромот Ница Азурен исто така служи како јазол на Air France и оперативна база за easyJet.
Aéroports de la Côte d'Azur (ACA) објавиле на 26 јули 2013 дека ги поседуваат 99,9% од акциите на AGST (Аеродром Сен Тропе), претходно поседуван од групата Ребје во изминатите 15 години.