Базиликата Свети Петар (италијански: San Pietro in Vaticano, латински: templum vaticanum) е еднo од централните свети места на Pимокатоличката црква.
Базиликата Свети Петар е главната зграда на Ватикан и се наоѓа на десната страна на реката Тибар.
Во текот на минатите векови, оваа базилика претрпела многу промени. Првата базилика била изградена околу 326 година по порачка на императорот Константин. Во текот на 1506 година, папата Јулие II решил дека е потребна целосна реставрација на базиликата, но бидејќи зградата се покажала дека е многу стара, папата решил на местото на старата базилика да биде изградена нова црква. Јулиј II оваа работа ја препушта на Донато Браманте, и успева да ги наложи неговите иноваторски планови пред Кардиналниот колегиум.
Градбата на базиликата траела многу бавно. Помеѓу 1514 и 1546 година, градењето било раководено од страна на Рафаело, а веке од 1547 година, од Микеланџело. Дури во 1626 година, папата Урбан VIII ја осветува новата величествена зграда.
Помеѓу 1656 и 1667 година зградата се дооформила од страна на Бернини. Во црквата се наоѓаат прочуената Пиета на Микеланџело, бронзената статуа на Свети Петар, гробници на папи, мозаици од времето на Григориј VII.
Во 2006 година, Ватикан ја прослави 500-годишнината од удирањето на темелите на катедралата.
Оваа базилика се смета за најголемата католичка црква во светот: плоштината ѝ е околу 2,3 хектари. Димензиите на базиликата се со должина од 220 метри, ширина 110 метри и висина 113 метри. По нејзиниот под се обележани и должините на други катедрали по светот, како на пример должината на Св. Павле во Лондон е 158 метри, Миланската катедрала е долга 158 метри, Париската 130 итн.
Базиликата Свети Петар сѐ повеќе се претвора од катедрала во црква на Папата, во која се одржуваат најважните церемонијални литургии. Bо неа е погребан Свети Апостол Петар.