Берберско макаки (науч. Macaca sylvanus) — вид на макаки единствено кое се наоѓа на територија надвор од Азија и има закржлавена опашка. Може да се сретна на падините на планината Атлас во Алжир и Мароко и малубројна популација која била пренесена од Мароко до Гибралтар, берберското макаки е најдобро познат мајмун од Европа species.
Берберското макаки е од интерес бидејќи мажјаците имаат нетипична улога да се грижат за младите. Поради несигурноста наза татковството, мажјаците подеднакво се грижат за сите младенчиња. Општо, Берберските макаки од сите возрасти и пол придонесуваат за грижата на младите.
Исхраната на макикито се содржи претежно од растенија и инсекти во зависност од животната средина. Мажјаците живеат и до 25 години додека пак женките можат да живеат и 30 години. Покрај луѓето, тие се единствените слободни примати во Европа. Иако видот вообичаено се нарекува „Берберски примат“, берберското макаки е всушност вистински мајмун. Неговото име потекнува од Берберското крајбрежје во северозападна Африка.
Берберските макаки кои живеат во Гибралтар се единствената група која живее надвор од Северна Африка и единствените диви мајмуни на тлото на Европа. Во Гибралтар живеат отприлика 230 макаки.
Овој мајмун има жолто-кафена боја па сè до сива со посветло обоен стомачен дел. Берберското макаки има должина на телото од 556,8 мм кај женките и 634,3 мм кај мажјаците со измерени тежини од 9,9±1.03 кг кај женките и околу 14,5 кг кај мажјаците. Лицето е темно розово и има закржлавена опашка, со должина од 4 до 22 мм. Мажјаците почесто имаат подолги опашки. Предните екстремитети на овој мајмун се подолги од задните екстремитети. Женките се помали од мажјаците.
Берберското макаки главно е распострането на падините на венецот Атлас и планината Риф кои се протегаат на териториите на Мароко и Алжир. Станува збор за единствениот вид на макаки кој живее надвор од Азија. Овие животни можат да живеат во различни жиотни средини, како што се кедрови, елови и дабови шуми, како и пасишта, грмушки, каменести предели со растителна вегетација. Повеќето берберски макаки живеат во кедрови шуми во пределот на планината Атлас, сепак, ова само го прикажува моменталното живеалиште, наместо живеалиштето во кое тие го одбрале да живеат.
Исхраната на берберското макаки се состои од мешавина на билки и инсекти. Тие се хранат со бројни голосеменици и скриеносеменици. Се хранат со целото растение, цветови, плод, семиња, никулци, лисје, стебленца, кора, смола, гранки, корења, пупки, и желади. Чест животински плен на берберското макаки се полжавите, црвите, скорпиите, пајаците, стоногалките, многуножци, скакулци, термити, водени дрвеници, тврдокрилци, бумбари, пеперутки, молци, мравки, па дури и со полноглавци.
Нивни грабливци се леопардите, орлите, и домашните кучиња. Приближувањето на орлите или пак домашните кучиња доведува до тоа мајмуните да сигнализираат еден вид на аларм за приближувањето на овие грабливци.
„ |