Бојанската црква "Св. св. Никола и Пантелејмон" е средновековна црква која се наоѓа во Софија, Република Бугарија. Таа претставува една од културните симболи на Бугарија и во 1979 година е вклучена во списокот на светско наследство на УНЕСКО. Најстарата црква е на два ката, која била изградена кон крајот на 10 век и почетокот на 11 век. Стенописите во црквата датираат од различни периоди: 11-12 век., 1259 година, 14. век., 16-17 век и 1882 година.