Замокот Будим или Буда (унгарски: Budai Vár, турски: Budin Kalesi) е историски комплекс на замок во кој бил сместени унгарските кралеви. Се наоѓа во Будимпешта, Унгарија и бил целосно завршен во 1265 година. Во минатото исто така бил нарекуван е Кралска палата (унгарски: Királyi-palota) како и Кралски замок (унгарски: Királyi Vár).
Замокот е изграден во јужниот дел на тврдината Хил, веднаш до стариот замок округ (унгарски:Várnegyed), кој е познат по средновековната историја, барок стилот и куќите и јавни згради од 19. век.
Будим замокот е дел од светското наследстсво на Будимпешта од 1987 година.
Првата кралска резиденција на тврдината Хил била изградена од страна на кралот Бела IV помеѓу 1247 и 1265 година..
Најстариот дел на денешната палата бил изграден во 14 век од страна на принцот Стефан Андегавенски-Славонски, помладиот брат на кралот Лудовик I Анжујски. Готската палата на Лудовик I Анжујски била уредена околу тесна градина која се наоѓала веднаш до Стефановата кула.
Кралот Жигмунд Луксембуршки значително ја зголемил платата. За време на неговото долго владеење најверојатно станала најголемата готска палата во доцниот среден век. Буда исто така бил и важен уметнички центар на Интернационалниот готски стил.
Последната фаза на активности посветена на големата скалеста зграда се случувале под власта на кралот Матијаш Корвин, кога италијански хуманисти, уметници и занаечии пристигнале во Будим. Унгарската столица станала прв центар на ренесансата северно од Алпите.
После Мохачката битка средновековното унгарски кралство пропаднало. На 29 август 1541 Будим повторно бил окупиран од Отоманците. Унгарскиот град станал дел од Отоманската империја, како и седиште на Будимскиот ејалет.
Новата отоманска влада ја оставила палатата да пропаѓа. Делумно се користела како касарна, место за чување разни работи и штала, меѓутоа најмногу била празна.
Средновековната плата е уништена во големата опсада на Будим во 1686 година, кога Буда бил завземен од сојузните христијански сили. Во тешките артериски бомбардирања многу згради били срешени и запалени.
Во 1715 година кралот Карло VI да се рушат рушевините. За среќа јужните делови, звингерсите и собите биле закопани под тони ѓубре и земја.
Во 1715 мала барокна палата била изградена која е идентична со денешната палата.
„ |