City walls в Византија

Цариградски ѕидини

7.3/10

Цариградски ѕидини — одбранбени камени ѕидини во кои се наоѓаат во градот Константинопол (денешен Истанбул, Турција), од неговото основање како престолнина на Источното римско царство од страна на Константин Велики. Со бројни додатоци и модификации во текот на историјата, ѕидините биле проследени како еден од најкомплексните и сложени системи некогаш.

Земјишни ѕидини

Ѕидините на Константин

Првично, ѕидините биле изградени од страна на Константин Велики, кога новиот град бил целосно опкружен со истите, за заштита од можен напад од двете можни патишта: морски и копнен. Но, со текот на времето градот започнал постепено да се проширува. Така, во времето на Теодосиј II, истите биле обновени. Оригиналните ѕидини биле долги 6 километри. Овие ѕидини во текот на историјата претставувале главен проблем на непријателот кој сакал да го освои градот. (Видете: Опсада на Константинопол). Но, во времето кога во воените напади започнал да се користи и барутот, ѕидините не издржале и градот паднал во рацете на Османлиите на 29 мај 1453 година, по долга опсада.

Ѕидините во голема мера останале непроменети во текот на поголемиот дел од отоманскиот период. Сепак, истите не биле долго време обновени, кое довело до нивно деловно разрушување. И покрај недостатокот на последователно одржување, многу делови од ѕидовите преживееле и сè уште постојат и денес. Големата обнова од 1980-тите, овозможила ѕидините да го добијат автентичниот изглед.

Првите утврдувања во градот биле изградени уште од времето коа тој бил основан под името Византион од страна на грчките колонисти, на чело со Бизас. Во тоа време, главнато седиште на градот бил акрополот. И покрај тоа што Византион бил голем трговски центар, сепак во времето на Римска империја|Римската империја градот не бил од големо значење. Во времето кога избила граѓанска војна помеѓу Септимиј Север (193-211) и Песцениј Нигер (193-194), градот бил три години држен под опсада. Како одмазда, Септимиј Север ги разрушил тогашните ѕидини. Сепак, во наредните години ѕидините биле обновени. Но, за ѕидините на Север не се знае скоро ништо, освен дека главната порта се наоѓала непосредно пред влезот на Форумот на Константин.

Кога Константин Велики (306-337) главниот град на Римската империја го префрлил од Рим во Византион, градот започнал да се вика најпрво Нов Рим а подоцна и Константинопол односно градот на Константин. Во негово време, градските ѕидини биле значително проширени и биле додадени нови градски ѕидини со околу вкупно растојание од 2.8 километри. Целата конструкција била завршена во времето на неговиот син, Констанциј II (337 -361).. Така, ѕидот започнувал од Златниот Рог, во близина на денешниот мост Ататурк, а завршувал до портите на Свети Аемилианус и Псаматос. Во текот на 5 век, градот бил проширан и надвор од Цариградските ѕидини. Во најголема мера, ѕидините биле обновени и проширени во времето на Теодосиј II, па затоа денешните ѕидини се познати и како Теодосиеви ѕидини во Константинопол.

Ѕидини на Теодосиј

Теодосиевите ѕидини (грчки: τείχος Θεοδοσιακόν), кои се наоѓаат околу 1.500 метри западно од старите ѕидини, биле изградени во времето на императорот Теодосиј II (408-450), по кого и се наречени. Изградбата се водела под раководство на преторијанскиот префект Антемиј, а изградбата била завршена во 413 година, според Кодексот на Теодосиј. Сепак, еден натпис кој бил откриен во 1993 година открива дека работата врз ѕидините траела девет години, кое значи дека истата започнала во 404 или 405 година, во времето на императорот Аркадиј (395–408). Со изградба на овие ѕидини, Новиот Рим го оправдал своето ново име како Хепталофос (Ἑπτάλοφος, "седум ридови"), како имитација на вечниот град Рим.

Историја

Кон почетокот на 5 век, населението на градот значително се зголемило па со ова дошло и до потреба за проширување на градот односно на градските ѕидини. Дополнителна причина за изградба на нови ѕидини вило визиготското освојување на Рим во 410 година. Новите ѕидини биле изградени на околу 2 километри од старите ѕидини на Константин Велики. Ѕидините го опфаќале просторот од палата Влахерна|палатата Влахерна до бреговите на Мраморно Море со должина од 6,5 километри. Изградбата на ѕидините најверојатно започнала во 413 година во времето на Теодосиј II, кој имал само 5 години и целиот систем се состоел од две ѕидни линии на кои имало 96 кули.

На 26 јануари 447 година, еден силен земјотрес разрушил голем дел ос ѕидините, вклучувајќи и 57 кули. По овој земјотрес следувал уште еден во јануари 448 година, кој направил дополнителна штета. Теодосиј II му наредил на конзулот Константин да изврши надзор при реставрирањето на ѕидините, главно поради тоа што на градот му се заканувал напад од балканското присуство на хунскиот водач Атила. Така, работата завршила многу брзо, за околу 60 дена според византиските натписи. Врз основа на некои натписи, некои научници исто така тврдат дека при оваа изградба на ѕидините бил додаден втор дополнителен надворешен ѕид, но валидноста на оваа тврдење е дискутабилно. Надворешниот ѕид најверојатно е составен дел од оригиналното утврдување. Во текот на својата историја, ѕидините биле на уште неколку пати разрушувани од страна на повеќе земјотреси, за што сведочат и бројните натписи кои биле пишувани во чест на императорите и кои се обврзувале да ги реновираат.

Во текот на подготвителните работи се обединиле и партијата на Зелените и Плавите, кои обезбедиле 16.000 работници за реновирање на ѕидините. Пред ѕидините била донесена вода а меѓу нив се наоѓала уште една линија ѕидини, а вкупниот број на кули изнесува 192 на број.

Опис

Внатрешните ѕидини претставувале најстабилните во целиот комплекс. Овие ѕидини биле високи 9.2 метри. Дебелината на ѕидините се движила од 4.2 метри до 4.7 метри. На врвот од секоја кула се наоѓал гродобран со висина од 145 сантиметри. Растојанието од една до друга кула било околу 53 метри. Висината на кулите била до 18 метри, а радиусот се движел од 5,4 метри до 10,2 метри. Во најголем дел, основата на кулата била во форма на правоаголник, но имало и кули со шестоаголни, седмоаголни и осмоаголни основи. Самите кули биле поделени на два дела: горна и долна, додека на врвот се наоѓала тераса заградена со гродобран. Овие две простории не биле директно поврзани, кое овозможувало доколку непријателот навлезе во долниот простор, бранителите од горниот простор многу лесно да продолжат со одбрана од напаѓачите. Долната просторија во поголемиот дел од случаите служела како магацин за оружје. Во некои од кулите се наоѓале мали врати преку кои се излегувало на периболосот. Горната просторија на кулите се користела за стража. Собата била снабдена со доволно количество на воздух и светлина. Терасата со гродобранот се наоѓала на врвот од кулата и до неа се стигнувало преку скали кои се наоѓале во горниот дел.

Надворешните ѕидини се протегале помеѓу пероболоsoт и партехионот. Неговата висина била од 3 метри до 8,3 метри. Долниот дел од ѕидините биле изградени од полн камен. Кулите од надворешните ѕидини биле поставени меѓу две кули од внатрешните ѕидини рамномерно. Нивната висина се движела од 9 до 10,5 метри со радиус од околу 5 метри. Ниските ѕидини се наоѓале во внатрешноста на рововите и имале висина од 2 метри.

Првата одбранбена линија се состоела од голем ров или канал исполен со вода, со ширина од 18,3 метри а длабок 6 метри.

Ѕидините биле долги околу 6,5 километри од јужниот до северниот дел на градот, од Мермерната кула (туркси: Mermer Kule), која во тоа време била позната како кулата на Василиј и Константин до брегот Пропонтис на Златниот Рог. Вкупната должина на ѕидините изнесува 5,630 метри, додека делот помеѓу палатата Константин Порфирогенит и Златниот Рог биле разрушени, бидејќи подоцна на ова место било изградено предградието на Влахерна.

Од Мраморно Море, ѕидините се простигаат кон североисток до Златната Порта, на околу 14 метри надморска височина. Од таму, ѕидините продолжуваат до Мевлецианската порта, од таму до седмиот рид на градот. Од Седмиот рид, ѕидините продолжуваат до портата на Свети Роман, која се наоѓа на 68 метри надморско ниво. Од таму, ѕидините се спуштаат по долината на реката Ликус, каде ја достигнува најниската точка од 35 метри надморска висина. Од таму, ѕидините продолжуваат кон Шестиот рид до Адријанската порта, каде нивото е 76 метри височина. Овој дел на ѕидините, меѓу двете порти, со должина од 1.250 метри е најслабо заштитен, главно поради прирдата на земјата. Поради ова, при опсадите на градот, напаѓачите не се фокусирале за напад од оваа страна, иако ова се случило во 1453 година, кога Османлиите го зазеле Константинопол. Од ова место, ѕидините продолжуваат до Влахерна и до затворот Анемас.

Порти

Златна порта

Стара Златна порта, позната исто така како Ксеролофос и Сатурнинус порта, се споменува во Notitia Urbis Constantinopolitanae, и истата се наоѓала на т.н. седми ѕид. Нејзината конструкција често му се припишува на Константин, но сепак тоа не е сѐ уште целосно познато. При крајот на византиското време, икона од Распетието Христово наводно била ставена на портата, за да подоцна оваа порта во османлиско време биде позната како İsakapı ("Портата на Исус"). Таа била уништена од земјотрес во 1509 година.

По проширувањето на градот и изградба на Теодосиевите ѕидини, најверојатно во исто време била изградена и новата Злата порта. Златната порта во Константинопол била влезната порта во престолнината на Византија. Таа била главниот влез во престолнината и се користела особено при триумфалните влезови на императорот во главниот граф при воените победи или други државни пригоди. Во многу ретки случаи, низ портата било дозволено да влегуваат и излегуваат некакви царски посетители, како папски делегации на пример. Во 1261 година, по повторното заземање на градот од страна на Византијците, низ оваа порта поминал Михаил VIII Палеолог . Името на оваа порта било земено од многу други големи градови кои имале златна порта, како на пример оние во Солун или портата во Киев.

Датумот на изградба на оваа порта е непознат. Се смета дека била изградена во времето на Теодосиј II, односно во времето кога биле изградени и ѕидините на градот. И покрај нејзината главно церемонијална улога, портата во текот на својата историја издржала на голем дел од нападите. Со додавањето на попречен ѕид меѓу внатрешните и надворешните ѕидини, таа претставувала еден вид мала тврдина. По заземањето на градот од страна на Османлиите, биле додадени три поголеми кули на портата во внатрешноста на ѕидините, формирајќи тврдина од седум кули која тврдина денеска е позната како Једикуле Хисар. Во тоа време таа ја изгубила својата функција како порта. Овде би сместен главниот затвор во Цариград. Меѓу најпознатите затвореници кои лежеле овде бил младниот Осман II, кој бил затворен и погубен од јаничарите во 1622 година. Во текот на Наполеоновите војни, тврдината била затвор на многу француски затвореници. Какоз затвор објектот служел до 1837 година.

Портата била изградена од големи квадратни блокови од полиран бел мермер и имала форма на три заоблени порти. Околу портата се наоѓале околу десетина кули. Со исклучок на централниот влез, споредните останувале отворени во текот на секојдневието на населението на градот. Портата била украсена со многубројни статуи, вклучувајќи ја и статуата на Теодосиј I на врвот. На врвот исто така имало поставено скулптура од крст, кој паднал по земјотресот од 562 година.

Локацијата на портата Аталос е непозната до најнови времиња. Кирил Манго оваа порта ја поистоветува со Старата Златна порта. Според Ван Милингер, оваа порта била изградена во времето на Теодосиј. Сепак, се смета дека оваа порта била една од најукрасените, покрај која се наоѓале многу статуи, вклучувајќи ја и онаа на Константин која била уништена од земјотрес во 740 година.

Втора воена порта

Втората воена порта се наоѓа помеѓу 22 и 23 кула. Според Никита Конијатес, во 1189 година портата била целосно излолирана од страна на Исак II Ангел бидејќи според пророштвото ова била портата преку која императорот Фредерик Барбароса ќе навлезе во градот. Во затворена положба портата била до 1346 година, а во времето на опсадата на градот во 1453 година, таа повторно била затворена. Во таков вид останала до 1886 година, кога била повторно отворена и позната како Капали капи или Затворена порта. Денеска портата е позната како Белградска порта според српските занаетчии кои живееле во реонот во времето на Сулејман Величенствениот откако тој го освоил Белград во 1521 година.

Изворска порта

Изворската порта или портата Пеге била именувана според манастирот Света Марија Изворска или Живитивниот манастирски извор кој се наоѓал надвор од ѕидините на градот во денешната населба Баликли. На турки јазик портата се нарекува Селимбрија. Оваа порта во византиските извори се појавила непосредно пред опсадата од 1453 година. Таа се наоѓа меѓу 35 и 36 кула. Оваа порта најпрвин спаѓала во склоп на Константиновите ѕидини. Преку оваа порта навлегле силите на Никејската империја во 1261 година, при заземање на градот.

Трета воена порта

Третата воена порта се наоѓа непосредно по портата Пеге, меѓу 39 и 40 кула. Оваа кула нема турско име и била изградена кон крајот на византиското управување на градот. Изгледот на портата бил зачуван до 20 век.

Порта Региум

Денешната Јени порта се наоѓа помеѓу 50 и 51 кула и е позната како порта Региум. Според некои рани текствови името доаѓа од истоимениот реон, денес Ќучучекмеџе. Оваа порта е најдобро сочувана од сите останати, а нејзината градба датира од 5 век.

Четврта воена порта

Четвртата воена порта се наоѓала помеѓу 59 и 60 кула.

Романова порта

Романовата порта односно петата воена порта, или пак позната како порта на Свети Роман се наоѓа на местото каде според преданието загинал последниот византиски император Константин XI Палеолог (1449—1453) во борбата против Османлиите. Портата се наоѓа меѓу 65 и 66 кула. Портата претставува едноставен премин преку внатрешниот ѕид, кој е зацврстен со една квадратна кула која се наоѓа на нејзината десна страна. Портата е висока 26,5 метри и е втора по големина по Златната порта.

Денеска, во Турција е позната како Кучум порта или портата на нападот кое го означува навлгувањето на Османлиите токму низ оваа порта на 29 мај 1453 година. Иако во времето на византиската ера низ неа не можело да се излезе надвор од градот, во времето на османлискиот период ѕидините биле запоставени, така што денеска низ неа поминува една асфалтна улица која претставува спореден излез од стариот град. Покрај портата е поставена една спомен плоча на кој пишува дека Османлиите го зазеле градот преку оваа порта.

Пета воена порта

Петата воена порта се наоѓа меѓу 77 и 78 кула. Оваа порта е многу оштетена и од надворешниот облик денеска нема останато ништо. Денеска сеуште се водил дебата околу тоа дали Османлиите влегле преку оваа порта, или пак преку Романовата порта. Глано се смета дека влегле преку оваа бидејќи е доста разрушена.

Порта Харсиус

Оваа порта по Златната била најважната во градот.. Во Турција е позната како Адријанополска порта. Оваа порта било местото од каде Мехмед II го направил своето триумфално влегување по освојување на градот. Оваа порта се наоѓа на врвот од шестиот рид, кој бил највисоката точка во градот со 77 метри.

Керкопорта

Керкопорта или Циркуска порта се наоѓа на местото каде започнуваат ѕидините на Влахерна, кај палатата Константин Порфирогенит Палеолог. Низ оваа порта во градот навлегле првите отомански сили во 1453 година. Се смета дека самата порта по грешка била оставена отворена, па Османлиите сметале дека поради тоа што била потплно разрушена од бомбардирањето, преку неа нема да можеле да го освојат градот. Првиот муслимански бајрак бил закачен на оваа порта. Бранителите на градот успеале да ги совладат силите кои биле навлезени кон кулата но веќе било предоцна да се спречи нападот на јаничарите кои веќе ја зазеле Романовата порта. Самата порта била уништена и денеска на нејзиното место не постои никакви ѕидини или остатоци.

Значење

Теодосиевите ѕидини без сомнение претставувале еден од најважните одбранбени системи во текот на доцната антика. Всушност, овие ѕидини биле можеби и најуспешни и највлијателни градски ѕидини кои некогаш биле изградени. Овие ѕидини придонеле спокој за градот во период од повеќе од еден милениум.

Сепак, со новите топовски технологии кои биле направени, овие ѕидини не успеале во одбраната на градот во 1422 година. Последната опсада од 1453 година која била успешна за Отоманците. По заземањето на градот, ѕидините биле обновени.

Ѕидините Влахерна

Ѕидините на Влахерна биле поврзани со Теодосиевите ѕидини, и завршувале кај палата Константин Порфирогенит Палеолог, со морскиот ѕид на Златниот Рог. Овие ѕидини се состојат од серија ѕидини кои биле изградени во различни периоди и кои го опфаќаат преградието на Влахерна. Ѕидините се високи од 12 до 15 метри. Тие се подебели од Теодосиевите ѕидини и кулите се поблиску распоредени. Ѕидините се сместени на една стрмна падина.

Самата Влахерна се наоѓала надвор од ѕидините на Теодосиј, а ги делел еден подземен канал. И покрај тоа што во текот на својата историја ѕидините биле на неколку пати обновувани, сепак продолжувале да претставуваат најслаба точка на сите одбранбени ѕидини во градот. Ова главно се должи на тоа што овие ѕидини за разлика од останатите граничиле од четири страни со копно. Ова го искористиле крстоносците во 1204 година, преку кој влез го зазеле Константинопол. Во текот на отоманската опсада, последниот император Константин се наоѓал токму во овој дел од градот, и покрај тоа што овој дел бил најмногу изложен на напади. Како крстоносците, така и османлиите го зазеле градот преку Влахерна.

Денеска од целиот комплекс се зачувани делови од палата Константин Порфирогенит Палеолог и затворот Анемас. Според некои, овие ѕидини дури биле постари по градба и од Теодосиевите и најверојатно датираат од 4 век, а по изградбата на оние на Теодосиј, двете ѕидини биле поврзани. Денеска Теодосиевите ѕидини се поврзани со палатата на Константин Палеолог преку т.н. кула на Мануил Комнин. Овој ѕид бил изграден во текот на 12 век како заштита на императорската палата во Влахерна

Морски ѕидини

Морските ѕидини претставувале дел од комплексот на градските ѕидини на градот во времето на Византија. Морските ѕидини ги имало два на број:

  • Ѕидините на Златниот Рог
  • Ѕидините на Мраморно Море

Денеска од овој крајбрежен комплекс не постои скоро ништо бидејќи истиот бил разрушен во времето на Осоманската Империја. Најдобар дел кој е зачуван се наоѓа на влезот од Босфорот, под комплексот Топкапи сарај.

Историја

Првите ѕидини околу морскиот брег биле изградени во 325 година во времето на Константин Велики . Во времето на градењето на Теодосиевите ѕидини морските ѕидини биле проширени и биле поврзани со копнените ѕидини. Оваа работа била нарачана во времето на Теодосиј II во 439 година. Морските ѕидини многу наликувале на копнените ѕидини, но имале само една одбранбена линија и биле пониски. Ова најмногу се должело на фактот што Византија немала голема опасност во морските води бидејќи нејзината морнарица била најсилната морска сила во тоа време. Во времето на опсадата на градот од страна на Словените, Аварите и Персијците во 626 година, словенската флота го блокирала градот од морскиот дел. Византиската флота ги поразила на раскараниот словенско-аварски сојуз.

Со опаѓањето на моќта на Византија и можните закани од страна на муслиманите по Медитеранот го натерало на византискиот император Анастасиј II да ги обнови морските ѕидини. По околу стотина години, Михаил II започнал со голема реконструкција и обнова на морските ѕидини, а истата работа завршила во времето на неговиот наследник Теофил. Во тоа време бил изграден и дворецот Букелеон, кој подоцна се нашол во склопот на Големата императорска палата.

Слабоста на морските ѕидини во споредба со копнените се покажале во времето на крстоносните опсади на градот во 1203 и 1204 година кога крстоносците со помош на Венецијанската Република го зазеле градот. Непосредно по ослободувањето на градот и создавање на повторна византиска власт во 1261 година, Михаил VIII Палеолог од страв да не биде повторена западната интервенција од 1204 година, започнал обнова на ѕидините. Ѕидините биле изградени со поголема висина и биле подебели за разлика од претходните.

По последната опсада на градот од 1453 година, дел од борбата се водел и по морски пат. Една од причините за тоа било појавата на тешки артилериски оружја кои делувале кон копнените ѕидини и поради кои султанот Мехмед II своите трупи ги концентрирал на копнените ѕидини. Друга причина било тоа што султанот многу добро бил запознаен со византиската надмоќ во морските битки. Според некои извори, последниот византиски император Константин одбраната на градот од морските ѕидини ја доверил на морнарите од Крит. По заземањето на градот, битките околу морските ѕидини продолжиле, па по неколку денови било договорено критските морнари да го предадат оружјето и да си заминат со својата флота.

Златен Рог

Ѕидините на Златниот Рог биле со вкупна должина од 5,600 метри и започнувале од Свети Димитриј а завршувале кај Влахерна, каде биле соединето со копнените ѕидини. Иако голем дел од ѕидините биле урнати во 1870 година, за време на изградбата на железничка линија, денеска е позната линијата по која минувал ѕидот. Овие ѕидини биле изградени во внатрешноста на брегот, и биле високи десетина метри. Според некои историчари, ѕидините се состоеле од 20 порти и 110 кулиСеверниот брег од градот како денеска, и тогаш претставувал космопилитски дел каде била фокусирана трговијата.

Пропонтис

Ѕидините Пропонтис биле изградени во близина на брегот, со исклучок на пристаништата и кејовите. Овие ѕидини биле на висина од 12 до 15 метри. Овие ѕидини поседувале 13 порти и 188 кули и имале должина од 8,460 метри со дополнителни 1,080 метри во внатрешниот дел на пристаништето Вланга. Дел од овие ѕидини биле разрушени при изградбата на училиштето Кенеди во 1957 година.

Ѕидини околу градот

Во текот на историјата на Константинопол биле изградени и неколку ѕидини во различен временски период околу градот формирајќи дел од одбранбениот систем. Така, Анастасиевите ѕидини биле изградени во средината на 5 век и ѕидините се наоѓаат на 65 километри западно од градот. Ѕидините биле долги 56 километри, 3,3 метри биле дебели но нејзината ефикасност очигледно била ограничена и во текот на 7 век била напуштена.

Покрај Анастасиевите ѕидини, имало и неколку мали ѕидини и тврдини како Селимбрија, Региум или Хебдомон, денешен Бакиркој.

Галата

Галата претставувала составен дел од градот. Ѕидините биле изградени во текот на 5 век во текот на Јустинијан I. Ѕидините се задржиле до 1870 година, кога биле уништени поради ширењето на градот.

Поврзано

Шаблон:Portal

  • Аурелиски ѕидини

Наводи

Шаблон:Наводи

Надворешни врски

Шаблон:Commons category

Категории:
Објавувате коментар
Совети
Подредете по:
Altuğ Revnak Eti
16 October 2013
Spor ayakkabısı ve biraz cesareti olan mutlaka yukarı tırmansın.Manzara harika
???????????????????????? ???????????????????? ????????
Aksam isiklari yannca sur icinde guzel bir manzara cikiyor . Bakinca surlara geriye donup tarihini hatirlatiyor bir an geliyor gozunun onune
Emre Doğan
3 February 2013
İstanbulun en güzel yerlerinden vazgeçilmez bence...
يمان Yaman
9 July 2015
أسوار القسطنطينية هي سلسلة من الجدران الدفاعية التي أحاطت وحمت المدينة منذ أسسها قسطنطين العظيم عاصمة جديدة للإمبراطورية الرومانية. أضيفت لتلك الجدران العديد من التعديلات والتعزيزات على مر التاريخ
يمان Yaman
9 July 2015
أسوار القسطنطينية هي سلسلة من الجدران الدفاعية التي أحاطت وحمت المدينة منذ أسسها قسطنطين العظيم عاصمة جديدة للإمبراطورية الرومانية. أضيفت لتلك الجدران العديد من التعديلات والتعزيزات على مر التاريخ
Ufuk Misirlioglu
18 October 2015
İstanbul'un surları bambaşka tarih güzel valla
Локација
Мапа
Адреса

Sümbül Efendi Mh., Hisaraltı Caddesi 19-25, 34107 Fatih/Istanbul Province, Turkey

За да добиете насоки
Работно време
Fri 8:00 AM–9:00 AM
Sat 11:00 AM–9:00 PM
Sun 1:00 PM–8:00 PM
Mon 7:00 AM–8:00 PM
Tue 8:00 AM–8:00 PM
Wed 8:00 AM–9:00 AM
Референци

Topkapı Surları за Foursquare

Цариградски ѕидини за Facebook

Хотели во близина

Видете ги сите хотели Види се
Tugra Hotel

почнувајќи од $39

Hotel Yesilpark

почнувајќи од $47

Best Nobel Hotel 2

почнувајќи од $46

Star City Hotel

почнувајќи од $70

Babel Park Hotel

почнувајќи од $70

Tugra Hotel

почнувајќи од $0

Препорачани место во близина

Види се Види се
Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Џамијата Кока Мустафа Паша

Џамијата Кока Мустафа Паша (турски: Koca Mustafa Paşa Camii) е џамија

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Yedikule Fortress

Yedikule Fortress (Türkçe. Yedikule Hisarı or Yedikule Zindanları; mea

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Panorama 1453 History Museum

The Panorama 1453 Historical Museum is a historical museum in Istanbul

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Џамија Фенари Иса

Џамијата Фенари Иса (турски: Molla Fenâri Îsâ Câmîsi, грчки 

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Џамија Бодрум

Џамијата Бодрум (Türkçe. Bodrum Camii, или Mesih Paşa Camii) е џами

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Џамија Лалели

Џамијата Лалели (турски: Laleli Camii, или Tulip Mosque) е џамија

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Џамија Михримах Султан

Џамијата Михримах Султан (турски: Mihrimah Sultan Camii) е џамија која

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Аквадукт Валенс

Аквадукт Валенс (турски: Bozdoğan Kemeri, што значи 'Аквадукт на сиви

Слични туристички атракции

Види се Види се
Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
York city walls

York has, since Roman times, been defended by walls of one form or

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Zhengyangmen

The Qianmen (simplified Chinese: 前门; traditional Chinese: 前門; pinyin:

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Aurelian Walls

The Aurelian Walls (italiano. Mura aureliane) is a line of city walls

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Bath city walls

Bath's city walls (also referred to as borough walls) were a sequence

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Cardiff town walls

Cardiff's town walls were a Medieval defensive wall enclosing much of

Видете ги сите слични места