Црквата Санта Енграција (португалски: Igreja de Santa Engrácia) е црква која се наоѓа во Лисабон, Португалија. Црквата била изградена во текот на 17 век, а во 20 век била претворена во Национален музеј. Првата црква била изградена во времето на Мануел I во 1568 година. Во 1681 година самата градба на црката попуштила, и затоа била изградена нова црква чиј архитект бил Џоао Антунес, еден од најголемите претставници на барокот во Португалија.