Црквата Санта Сесила (италијански :Basilica di Santa Cecilia in Trastevere) е црква која се наоѓа во Рим, Италија и е во склопот на Римокатоличката црква. Црквата била изградена во 5 век, а била реновирана во времето на папа Пасхалиј I во 822 година. Посветена е на Света Сесила.