Св. Петар во окови (италијански :Basilica di San Pietro in Vincoli) е црква која се наоѓа во Рим, Италија и е во склопот на Римокатоличката црква. Во оваа црква се наоѓаат дел од моштите на Свети Петар. Првата црква била изградена во периодот од 432 до 440 година. Црквата била реновирана во времето на Папа Адријан I, Папа Сикст IV, Папа Јулие II. Во 1515 година, Микеланџело Буонароти пред влезот на црквата ја изработил познатата скулптура на Мојсеј.