Долината на кралевите (арапски: وادي الملوك Wadi Biban el-Muluk; „Капија на кралот“) е долина во Египет каде во период од речиси 500 години (од 16 век п.н.е. до 11 век п.н.е. се закопувани кралевите и други благородници на древен Египет (од осумнаесетта до дваесетта династија).
Долината на кралевите (арапски: وادي الملوك Wadi Biban el-Muluk; „Капија на кралот“) е долина во Египет каде во период од речиси 500 години (од 16 век п.н.е. до 11 век п.н.е. се закопувани кралевите и други благородници на древен Египет (од осумнаесетта до дваесетта династија). Долината се наоѓа на западниот брег на Нил, наспроти Теба (денешен Луксор).
Со последните откриени гробови од 2005 и 2008 година, долината има 62 гроба и комори. Кралските гробови се украсени со сцени од египетската митологија. Сите гробови се најверојатно отворени и покрадени во минатото, но сè уште ја прикажуваат сликата на моќта и богатството на владетелите од тоа време.
Долината на кралевите е во центарот на интерес на бројни археолози и египтолози уште од крајот на 18 век, а гробовите и погребните обичаи од тоа време сè уште се интересни за истражување. Долината е посебно популарна поради откритието на гробот „KV62“ на Тутанкамон (заедно со приказните за „проклетството на фараоните“).