Џамијата Лалели (турски: Laleli Camii, или Tulip Mosque) е џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција. Била изградена во времето на Отоманската империја од страна на Мустафа III во периодот од 1760-1763 година. Џамијата била разрушена во 1783 година од пожар. Исто така и од пожарот во 1911 година биле уништени мадресите. Во моментот има два минариња.