Џамијата Кока Мустафа Паша (турски: Koca Mustafa Paşa Camii) е џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција. Овој објект бил граден како православна црква, а во џамија бил претворен по падот на Константинопол и превземањето на градот од страна на османлиите. Црквата била посветена на Свети Андреј Критски и започнала да се гради уште во 5 век во времето на Теодосиј II.