Ејлат (хебрејски: אֵילַת) е град во Израел. Ејлат е дел од Јужниот округ и пустината Негев и воедно е најјужен град во Израел. Ејлат е пристаништен град на брегот на Црвеното Море, поточно на Акапскиот Залив. Градот е популарна туристичка дестинација за домашни и странски туристи поради убавите плажи. коралните гребени, ноќниот живот и пустинскиот пејзаж.
Според податоците од 2017 година, градот имал население од 50,724 жители. Градот е скоро споен со египетското село Таба на југ, јорданскиот град Акаба на исток и има релативна видлива блискост со Саудиска Арабија. Околината на градот има пустинска клима, топло море и 360 сончеви денови во текот на годината.
Името на Ејлат се спомнува и во Стариот Завет, но потеклото не е јасно дефинирано. Тоа најверојатно потекнува од хебрејскиот корен A–Y–L (хебрејски: א. י. ל.), што исто така е корен на зборот Елах (хебрејски: אלה), што значи „ф'стак“.
Историско население | ||
---|---|---|
Година | Нас. | ±% |
1955 | 500 | — |
1961 | 5.300 | +960.0 % |
1972 | 13.100 | +147.2 % |
1983 | 18.900 | +44.3 % |
1995 | 32.500 | +72.0 % |
2008 | 47.300 | +45.5 % |
2017 | 50.724 | +7.2 % |
Извор: CBS |
Огромно мнозинство од населението се Евреи. Арапите се само 4% од населението. Населението на Ејлат вклучува и голем број странски жители, и нивната бројка се проценува на околу 10.000 жители. Во 2007 година во градот пристигнале околу 200 судански бегалци во Ејлат кои биле прифатени и добиле дозвола за престој.
Ејлат е збратимен со: