Езерото Викторија се наоѓа во источна Африка помеѓу Уганда, Кенија и Танзанија. Со површина од околу 64.490 квадратни километри е најголемото езеро во Африка и второ по големина во светот. Се наоѓа на 1.130 метри надморска височина, долго е 337 а широко до 240 километри. Најголемата позната длабочина на Викторија е 81 метар. Главна река која се влива во езерото е Кагера, а од него се одлива Викторијанил. Во Викторија се наогјаат повекје острови, од кои најголем и со најголем број на жители е танзанискиот Укереве. Британецот Џон Ханинг Спек е првиот европеец кој го открил езерото во 1858. Денес, езерото Викторија игра една важна улога пред се поради изобилството од риба во една густо населена област. Во 1954 е завршена изградбата на единствената брана на езерото преку која се има зголемено и самата негова површина.