Мостот Голден Гејт (англиски: Golden Gate Bridge што означува Мостот Златна порта) во превод, е висечки мост кој се издига над заливот Голден Гејт и ги поврзува градот Сан Франциско и гратчето Саусалито.
Завршен е во 1937 година и е меѓународен симбол на Сан Франциско и на САД. Тој е еден од најдолгите висечки мостови во светот.