Големиот корален гребен (англиски: Great barrier reef) е најголемиот морски гребен во светот и содржи околу 3000 посебни корални гребени, 1000 острови и е долг околу 2500 km. Се наоѓа на североисточниот брег на Австралија и бил признат и вклучен во УНЕСКО како светско природно наследство во 1981. Големиот корален гребен е една од најголемите туристички атракции во Австралија.