Тврдината Тиволи е замок кој се наоѓа во Општина Шентјернеј, во Словенија. Замокот не е запишан во средновековните извори, иако историчарот Валвасор го споменува замокот во 14 век, кој бил изграден од страна на семејство Грачар, од каде потекнува и името на палатата. Откако била во сопственост на повеќе семејства, во 1821 година била купена од страна на Антон Рудеж. За време на Втората светска војна, објектот бил запален од страна на југословенските партизани, а подоцна истиот бил реновиран.