Херцег Нови

Херцег Нови — град во Црна Гора, на брегот на Јадранско Море и во подножјето на планината Орјен. Херцег Нови е центар на Општина Херцег Нови и е најголем град со српско население на брегот на Јадранско Море. Градот бил познат и под името Castelnuovo.

Културно-историски споменици

Тврдини

Поради важното стратегиско значење, во градот биле подигнати неколку тврдини. Прва во низата одбранбени линии била Цитаделата (позната и како Macel) чии остатоци денес лежат во непосредна близина на тврдината Forte Mare. Крвавата кула (Канли кула), изградена од Турците во периодот по 1539 година, во најголема мера ја зачувала оригиналната архитектура, а во 1966 година била реставрирана и претворена во Летна сцена. И денес, на ѕидовите на затворската ќелија се гледаат многубројни цртежи на разни видови риби, крстови, бродови итн. Тврдината Шпањола го добила името поради тоа што неа доградиле Шпанците во текот на 1538/1539 година, кога владееле со градот. Оваа тврдина е најсочуваниот турски фортификациски објект на Јадранот, граден од 1539 до 1548 година. Таа е опкружена со масивни ѕидини со четири кружни бастиони на аглите. На главниот плоштад во Херцег Нови доминираат Западната градска кула и Сахат кулата, подигната во 1850 година, во псевдоромански стил. Името „Сахат кула“ потекнува од османлискиот период, а во времето на Млетската република се викала Тора. Оваа кула претставува хералдички знак на Херцег Нови. На самиот влез во заливот Бока Которска, на островот Ластавица се наоѓа тврдината Мамула. Таа е кружна тврдина, со пречник од околу 200 метри, а ја изградил австрискиот адмирал Лазар Мамула кон крајот на XIX век. Источно од неа, на крајниот југозапад на полуостровот Луштица се наоѓа тврдината Азра, која била изградена на основата на античка тврдина.

Цркви

<На подрачјето на општината Херцег Нови се наоѓаат 89 цркви, од кои 75 се православни, а 14 католички.

Манастир Савина

а два километри источно од Херцег Нови се наоѓа манастирскиот комплекс Савина што го сочинуваат две цркви посветени на Успението на Богородица, манастирски конак со ризница и црквата св. Сава. Во манастирската ризница се наоѓаат вредни предмети меѓу кои се истакнуваат: кристален крст од 13 век, реликвијар од манастирот Тврдош од 1615 година, покривка од 1642 година, сребрена петолебница од 1648 година, путир од 1650 година, евангелие од 1685 година, портрет на рускиот цар Петар Велики, низа рачни и престолни крстови и вредни стари книги. За малата црква на Успението на Богородица се смета дека потекнува од 1030 година, а најстариот слој фрески датира од средината на 15 век. Царските двери, наречени „тврдошки“ и големото распетие над нив ги изградил Димитрие даскал во 1703 година, додека иконата на Успението на Богородица е дело на неговиот син Рафаило. Големата црква на Успението на Богородица ја градел мајсторот Никола Форетиќ од Корчула во текот на 1777-1799 година. Црквата е изградена во мешан византиски-романогрчки-барокен стил. Иконостасот го изработил иконописецот поп Симеон Лазовиќ, со помош на синот Алексија, во 1795 година. Според некои извори, црквата св. Сава била изградена во 13 век, а според други во 15 век.

Други цркви

Црквата Св. Архангел Михаил се наоѓа на горниот плоштад во Стариот град, популарната Белависта. Нејзината градба започнала во 1883 година, а била изградена од корчулански камен во византиски стил, но со романо-готски и исламски украси. Црквата св. Ероним се наоѓа во Стариот град, на плоштадот на Миќо Павловиќ. Таа потекнува од 1856 година, а ја красат делата на барокниот сликар Трипо Кокоља. Според некои археолошки наоди, се претпоставува дека на тој простор се наоѓал дворецот на Твртко I, основачот на градот. Црквата св. Леополд Мандиќ ја изградиле Млеќаните по ослободувањето на Херцег Нови од турската власт во 1688 година. Од 1976 година таа е посветена на св. Леополд Богдан Мандиќ, роден во Херцег Нови, кој бил прогласен за светец од страна на папата Јован Павле II во 1983 година. Во близина на оваа црква се наоѓа и црквата св. Антун. Црквата св. Ѓорѓи била реставрирана во 1848 година, а во неа се наоѓа многу вредна итало-критска кружна икона на св. Петар и Павле од 16 век. Во нејзина близина се наоѓа црквата св. Спас, чија градба започнала во 1709 за завршила во 1713 година.

Меѓу останатите вредни цркви во Херцег Нови и во околината се:

  • св. Сергеј и Вакха во селото Поди (од 15 век),
  • св. Андрија во селото Кути (од 15 век),
  • св. Никола во селото Радованиќи,
  • св. Петка во Мркови (од 16 век) која ја насликал познатиот Димитрие даскал,
  • св. Трипун на Луштица,
  • св. Георги во Радованиќи (од XVIII век),
  • св. Недела во Јошице,
  • св. Никола во Ѓеновиќ,
  • св. Спиридон во Ѓеновиќ,
  • св. Госпоѓа во Приевор,
  • св. Варвара на Мокрине,
  • манастирот Воведение на Пресвета Богородица на островот Жањиц (од 15 век)
  • Ризата на Богородица во Бијела итн.

Музеи

Музејот на Херцег Нови, сместен во задужбината на некогашниот градоначалник Мирко Комненовиќ, го сочинуваат археолошка, историска и етнолошка збирка, како и збирка икони. Во музејот се наоѓаат остатоците од неолитската заедница пронајдена во пештерата Врањај, како и експонати од бронзената и железната епоха. Музејот располага со околу 30 икони, главно од бококоторската иконописна школа Димитриевиќ-Рафаиловиќ, а посебна атракција е плочата од црквата св. Тома од 9 век. Во состав на музејот се наоѓа и ботаничка збирка од 100 видови медитерански и суптропски растенија.

Туризмот во Херцег Нови

Во Херцег Нови бил изграден првиот хотел во Црна Гора, пансионот „На зелената плажа“ (Na zelenoj plaži) Подоцна, во градот бил отворен и хотелот „Бока“ кој денес не постои.

Херцег Нови како тема во уметноста

  • Ослободувањето на Нови (Ослобађање Новога) - бугарштица.
  • Битката на Пераштаните и Котораните со новските Турци (Бој Пераштана и Которана с новским Турцима) - бугарштица.
Наведени во следните категории:
Објавувате коментар
Совети
Уредување од:
Toby Ashworth
4 August 2011
Yachting club 32 is a really good bar/managed beach, you can get drinks by the water, which is great for swimming...there's also a gym which I didn't use, but it looked good :)
Hakan Kılıçarslan
15 March 2018
her şeyi 10 numara
VoyagerDoc
12 September 2018
Tivata kadar gelmişken feribotla geçip buraya gelmemek olmazdı. 3 4 saat vakit ayırılabilir ????
Яна Быкова
24 August 2014
Прекрасный старый город. Один из живописнейших в Черногории! Горы, старый каменный город!
Ahmet Deydin
13 August 2015
Kanli Kula'dan şehri izlemeden dönmek olmaz.
Kate Vasylchenko
1 October 2013
Очень чистое море, лучше чем в Игало!все было чистенько и опрятненько!я ходила постоянно на пляж возле отеля Sun Resort..этот пляж только для тех, кто умеет плавать!!

Хотели во близина

Видете ги сите хотели Види се
Hunguest Hotel Sun Resort

почнувајќи од $83

Hotel Perla

почнувајќи од $111

Palmon Bay Hotel & Spa

почнувајќи од $80

Apartments P&N Resort

почнувајќи од $30

Hotel Lighthouse

почнувајќи од $69

Hotel Lighthouse

почнувајќи од $0

Препорачани место во близина

Види се Види се
Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Savina monastery (Montenegro)

Savina Monastery (Serbian Cyrillic: Савина) is a Serb Orthodox monas

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Our Lady of the Rocks

Our Lady of the Rocks (Montenegrin, Croatian: Gospa od Škrpjela,

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Porto Montenegro

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Perast

Perast (Montenegrin: Пераст) is an old town in the Bay of Kotor in Mo

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Tivat Airport

Tivat Airport (Montenegrin Аеродром Тиват, Aerodrom Tivat) (IATA

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Котор

Котор е крајбрежен град во југоисточниот дел на

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Trg od Oružja

Trg od Oružja (Cyrillic: Трг од оружја; meaning 'The Arms Square') is

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Church of St. Nicholas, Kotor

The Church of St. Nicholas (Serbian: Црква Светог Николе, ro

Слични туристички атракции

Види се Види се
Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Uçhisar Kalesi

Uçhisar Kalesi е туристическа атракция, един от най-Interesti

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Riomaggiore

Riomaggiore (Rimazùu in the local Ligurian language) is a village and

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Fethiye

Fethiye is a city and district of Muğla Province in the Aegean region

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Cinque Terre

The Cinque Terre (Шаблон:IPA-it) is a rugged portion of coast on the I

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Oaxaca, Oaxaca

The city of Oaxaca (formally: Oaxaca de Juárez, in honor of

Видете ги сите слични места