Хиндукуш

Хиндукуш (паштунски/персиски/урду: ھندوکُش; санскрит: पारियात्र पर्वत, „Паријатра Парвата“ или „Паропамисади“) е планински венец долг 800 км што се протега од среден Авганистан до северот на Пакистан. Највисока точка е врвот Тиричмир (7.708 м), кој се наоѓа во округот Читрал (покраина Хајбер Пахтунхва), Пакистан.

Исто така види

Име

Потеклото на името не е сосем извесно, но постојат повеќе теории. Поимите „Хинду Кух“ (ھندوکوه) и „Кух-е Хинд“ (کوهِ ھند) важат за целиот венец што ги двои подрачјата на реките Кабул и Хелманд од она на Аму Дарја („Окс“ во антиката) или пак може да се однесува на делот северозападно од градот Кабул. Санскритските документи ја нарекуваат планината पारियात्र पर्वत („Паријатра Парвата“).

Во Европа, планината се нарекувала „Паропамисади“ кон крајот на I милениум п.н.е. Во времето на Александар Македонски, овие планини се нарекувале и „Индиски Кавказ“.

Во буквален превод, името значи „убиец на Индуси“, што веројатно произлегува од времињата кога индиските робови се превезувале во средна Азија преку планините и умирале поради суровата клима.

Историја

Планините имаат големо историско значење за индискиот потконтинент и соседните региони. Военото присуство на Хиндукуш започнува уште со персискиот крал Дариј I Велики. Во XIX век, планините имале значајна улога во Големата игра помеѓу Британија и Русија, кои имале воени единици и разни разузнавачки служби во овие краишта и неформално се сметале за меѓа помеѓу руската и британската сфера на влијание во Авганистан.

За време на Студената војна, планините повторно стануваат воено жариште, особено во борбите на советските сили и локалните сојузници против муџахедините во 1980-тите години. По повлекувањето на СССР, авганистанските вооружени групи продолжиле да војуваат меѓусебно. Подоцна планините станале војувалиште за Талибанците и Северната Алијанса.

На почетокот на XXI век, подрачјето уште еднаш претрпува голема милитаризирација во походот на САД и ИСАФ против Ал Каеда и нивните талибански сојузници.

Александар Македонски ги истражил авганистанските краишта помеѓу Бактрија и Инд откако освоил на Персиското царство во 330 п.н.е. It became part of the Селевкидското царство, а потоа во идиското Маурјанското царство (~305 п.н.е.)

Александар им ги одзеде на Персијците и основаше свои градови, но Селевк Победникот му ги предаде на Сандрокот (Чандрагупта) при склучувањето на брак со неговата династија, добивајќи 500 слонови.

—Страбон, 64 п.н.е–24 н.е.

Кон средината на I век п.н.е., Индоскитите успеале истераат индомакедонските владетели, но по 100 години, со територијата завладеало Кушанското царство.

Предисламското население на Хиндукуш се состоело од следниве народи: Шинци, Јешкуни, Чилиси, Нимчаци Коли, Палу, Гаваре, Јешкуни, Крамини, индоскити, балкански Бактријци и Кушани.

Планини

Планините на венецот стануваат сè пониски како што се протегаат на запад: кон средината (кај Кабул) висината им се движи од 4.500 до 6.000 м; следните планини на запад имаат висина од 3.500 до 4.000 м. Просечната надморска височина на Хиндукуш изнесува 4.500 м. Од еден до друг крај, системот е долг 966 км, со просечна ширина (север-југ) од 240 км. Само 600 км од системот се нарекува Хиндукуш. Остатокот се состои од голем број на помали масиви како што се Баба, Саланг, Пагман, Сафедкох (источен), Сулејмановите Планини, Сија, Хваџа Мухамед и други. Во западната литература, другот дел на Сафидкох, Малманд, Чалапдалан, Сијабанд и Дошка традиционално се нарекуваат „Паромапис“, но ова име денес се смета за застарено.

Низ системот течат реките Хелманд, Хари и Кабул, кои се вододелници на Систанскиот слив.

Планините ги пресекуваат бројни премини („котали“), кои образуваат стратешки важна мрежа во сообраќајот на каравани. Најважен премин е Саланшкиот (3.878 м) кој го поврзува Кабул и појужните места со северен Авганистан. Во 1964, со средства и техника од Советскиот Сојуз, кај преминот е изграден тунел, благодарение на кој од Кабул до северот се стигнува за неколку часа. Дотогаш до северните краишта се доаѓало преку Шибар (3.260 м) и патувањето траело цели три дена.

Пред изградбата на Саланшкиот пат, најпознати премини на светско ниво биле они што воделе кон Индија. Такви се Хајберскиот Премин (1.027 м) во Пакистан и Латабандскиот Премин (2.499 м) источно од Кабул, заменет со автопат во 1960 кој го намалил времето на патување од Кабул до пакистанската граница од два дена на неколку часа.

Во Авганистан има и други поважни премини. Вахџирскиот Премин (4.923 м) почнува од Ваханскиот Коридор во Сјинџанг, Кина и води во покраината Гилгит-Балтистан во Пакистан. До Пакистан водат премините Барогил (3.798 м) и Качин (5.639 м), кој почнува од ваханското подрачје. Во позападните краишта, важни премини се: Шотогардан (3.720 м) кој ги поврзува покраините Логар и Пактија; Базарак (2.713 м), што води до градот Мазари Шариф; Хавак (4.370 м) во Панџширската Долина и Анџуман (3.858 м) на почетокот на долината кој претставува порта кон северот. Премините Хаџигак (2.713 м) и Унај (3.350 м) водат до источниот дел на областа Хазараџат и долината Бамјан. Премините на Паропамис во западниот дел се ниски, со просечнаа висина од 600 м. Најпознат од нив е Сабзак, помеѓу покраините Херат и Бадгис, поврзувајќи ги западниот и северозападниот дел на Авганистан.

Овие планински подрачја се пусти со многу ретки дрва и закржлавени грмушки. Во долината на Каукчех се среќаваат многу стари рудници на лапис лазули, а северно од Кабул, во долината на реката Панџшир и околината има доста наоди на смарагди.

Источен Хиндукуш

Источниот венец на Хиндукуш (познат и како Висок Хиндукуш) претежно се протега во северен Пакистан и покраините Нуристан и Бадахшан во Аvганистан. Во округот Читрал во Пакистан се наоѓаат врвите Тиричмир, Ношак и Истор-о-Нал, кои се највисоки планини на Хиндукуш. Венецот навлегува и во Гизар, Јасинската Долина и Ишкоман во северните подрачја на Пакистан.

Читрал се смета за највисок дел на Хиндукуш и ги опфаќа највисоките врвови, голем број на премини и огромни глечери. Глечерите Чијантар, Курамбар и Терич се меѓу најголемите на Хиндукуш, а водата што се топи од нив ја образува реката Кунар, која потоа влегува во Авганистан и им се придружува на Башгал, Панџшер и потоа, многу помалата река Кабул.

Поврзано

  • Географија на Авганистан
  • Географија на Пакистан
  • Список на највисоки планини (над 7.200 м)

Наводи

Библиографија

  • Biddulph, John. Tribes of the Hindoo Koosh (Sang-e-Meel, 2001)

Надворешни врски

Наведени во следните категории:
Објавувате коментар
Совети
Уредување од:
Нема ниту совети совети за Хиндукуш уште. Можеби се ќе биде првиот да ја објавите корисни информации за колеги патници? :)

Хотели во близина

Видете ги сите хотели Види се
Pearl Continental Peshawar

почнувајќи од $94

Park Star Hotel

почнувајќи од $100

Harvey's Guest House

почнувајќи од $24

Shelton's Green

почнувајќи од $33

Hotel De Palazzo

почнувајќи од $32

VIP Guesthouse

почнувајќи од $80

Препорачани место во близина

Види се Види се
Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Darunta Dam

The Darunta Dam is a hydroelectric power dam located on the Kabul

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Takht Bhai

Takht Bahi (or Takhtbai or Takht-i-Bahi) is a Buddhist monastic

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Swat, Pakistan

Swat (Pakhto: سوات) is a valley and an administrative district in

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Jamrud Fort

Located at the entrance to the Khyber Pass, Jamrud Fort was built by

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Bala Hisar Fort

Bala Hisar Fort is one of the most historic places of Peshawar. The

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Gharm-Chashma

Gharm-Chashma is a hot spring in the mountains of the Ishkoshim Range

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Тиричмир

Тиричмир Тири

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
OMAR Mine Museum

Located in Kabul, Afghanistan, the OMAR Mine Museum contains a

Слични туристички атракции

Види се Види се
Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Naneghat

Naneghat (Marathi: नाणेघाट) is a mountain pass in the Western Ghats

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Каракорум

Оваа статија се однесува на планински венец. За градот во мо

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Iron Gate Pass

The Iron Gate Pass (simplified Chinese: ; traditional

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Çamlıca Hill

Çamlıca Hill (Turkish: Çamlıca Tepesi), aka Big Çamlıca Hill (Turk

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Üetliberg

The Üetliberg (also spelled Uetliberg, pronounced Шаблон:IPA in Zür

Видете ги сите слични места