Палатата Хофбург е палата лоцирана во Виена, Австрија, која била дом на најмоќните луѓе во историјата на Австрија, вклучувајќи ја и Хабсбуршката династија, владетели на големото Австроунгарско царство. Моментално служи како официјална резиденција на австрискиот претседател. Хофбург била палатата во која Хабсбурговците престојувале во текот на зимата, додека Шенбрун е палатата која ја преферирале за престој во летото.
Областа на палатата Хофбург е документирана како седиште на владата од 1279 година, за време на владеењето на неколку царства и републики.
Дворецот Хофбург бил прошируван нив векови со цел денеска да е составен од: неколку резиденции, капела, музеи, империјална библиотека, национален театар, школо за јавање коњи, коњска штала, како и конгрес центарот на Хофбург.
Неколку архитекти работеле на проширавањето на палата, едни од најпознатите се италијанскиот архитект-инженер Филиберто Лучезе, Лодовико Бурначини и Мартино и Доменико Карлоне. Исто така на него работеле и барокните архитекти Лукас вон Хилденбрадт и Јосеф Емануел Фишер вон Ерлакх, Јохан Фишер вон Ерлакх и други.
Во зданието е сместен и огранок на познатиот Уметничкоисториски музеј.
„ |