Холокe (унгарски: Hollókő) е палочко (денеска етнографско) село во унгарскиот округ Ноград, одалечено околу 91 километар од главниот град Будимпешта. Сместено е во долина под ниската планинска верига Черхат. Во 2001 година имало население од 387 луѓе на подрачје од 5.18 km² (74.7 жители на km²). Негов поштенски број е 3176, а позивен број 32.
Неговото име на унгарски значи „камен гавран“. Својот развој го доживува во текот на 17 и 18 век, а УНЕСКО во 1987 го прогласува за Светско културно наследство.
Куќите во селото се сместени една до друга се до главната улица. Имаат камени темели и по неколку простории во низа: спална соба, кујна и трпезарија. Во селото има 58 куќи, неколку музеи, (Бабамузеум или музеј на куклите, сеоски музеј или Фалумузеум и Поштамузеум) католичка црква и замок Холооку, изграден во 13 век.
Секoj последен викед во јули се одржува палочкиот фолклорен фестивал (Palóc Szőttes Fesztivál), a во втората недела на октомври се одржува винската парада.
„ |