Храмски Остров (англ. Temple Island) е остров (ада) на реката Темза кој спаѓа под селото Ременам во Беркшир, веднаш северно од Хенли на Темза. Ова е почетната точка на Хенлиската кралска регата, чии организатори се и сопственици на островот.
Храмски Остров (англ. Temple Island) е остров (ада) на реката Темза кој спаѓа под селото Ременам во Беркшир, веднаш северно од Хенли на Темза. Ова е почетната точка на Хенлиската кралска регата, чии организатори се и сопственици на островот. Оостровот го носи името по елегантниот украсен храм (каприц), дело на англискиот архитект од XVIII век, Џејмс Вајат. Првобитно бил наменет како рибарска куќичка во состав на Фолискиот двор, блиска историска куќа која Вајат исто така ја преработил во 1770-тите.