__БЕЗСОДРЖИНА__ Игуасу (португалски: Iguaçu; шпански: Iguazú) е река во Бразил и Аргентина, важна притока на реката Парана. Долга е 1.320 км, и има речно подрачје од 62.000 км².
Реката извира од крајбрежните планини на Морскиот Срт (Serra do Mar) во сојузната држава Парана, Бразил. Потоа тече 1.205 км низ државата Парана и се среќава со нејзината притока Сан Антонио. Оттука, па надолу, Игусу ја исцртува границата помеѓу Бразил и Аргентина (покраина Мисионес). Продолжува на запад и се спушта од висорамнина, образувајќи ги познатите водопади на Игуасу. Водопадите влегуваат во два истоимени национални парка „Игуасу“, едниот во Аргентина, а другиот во Бразил. На крај се влева во поголемата река Парана, и тоа во тромеѓето на Аргентина, Бразил и Парагвај.