Јелмарен Hjälmaren | |
---|---|
Јелмарен
Hjälmaren - | |
Јелмарен
Hjälmaren - | |
Координати | </small> |
Земји во сливот | Шведска |
Макс. должина | 58 км |
Јелмарен (швед. Hjälmaren) е езеро во Шведска, четврто по големина во земјата. Сместено е веднаш до езерото Меларен, и преку него истекува во Балтичкото Море, западно од градот Стокхолм. Со Стокхолм е поврзан со Јелмарскиот канал, долг 13 км.
Се граничи со покраините Седерманланд, Нерке и Вестманланд.
Езерото е долго 63 км, широко околу 20 кми зафаќа површина од 485 км². Просечната длабочина изнесува 6 м. На западниот крај на езерото се наоѓа градот Еребру.
На езерското крајбрежје се одржуваат големи музички настани со познати светски групи.
Во 1436 на мал остров во езерото е убиен востаничкиот водач Енгелбрект Енгелбректсон. Во негова чест, островот е наречен Енгелбректсхолмен („Енгелбректов Остров“).
Пошумен дел на брегот
Трскарник во плитакот
Траект за автомобили
Кај природниот парк Усет
Ризница | „Јелмарен“ на Ризницата ? |
|
Категорија:Езера во Шведска