Камагвеј (Provincia de Camagüey) е најголемата кубанска провинција. Главен град е Камагвеј. Други градови се Флорида и Нуевитас.
Камагевеј е низинска провинција, речиси без ридови и планински венци. Северното и јужното крајбрежје се карактеризираат со бројни големи атоли.
На овие крајбрежја има песокливи плажи, и покрај големиот туристички потенцијал, провинцијата не е развиена на тој план. Исклучок од ова е плажата Санта Лусија, на северниот брег.
Стопанството во провинцијата Камагвеј се состои главно од одгледување говеда, шеќер (на север и југ) и полјоделство. Провинцијата е позната по својата каубојска култура, со чести манифестации на родео. Исто така важни за стопанството се и кокошките и оризот, а постои и мала овоштарска индустрија за одгледување на цитруси. Во главниот град се наоѓа една од малкуте пиварници во земјата.