Yandex Counter
Volcanos in Skeiðiflötur

Катла

Оценки
2.0/10

Катла (исландски изговор: ] ( слушнете)) е голем вулкан во јужен Исланд. Тој е многу активен. Дваесет ерупции биле документирани помеѓу 930 и 1918 година, во интервали од 13-95 години. Тој не избувнал силно 99 години, иако можеби имало мали ерупции коишто не ја скршиле покривката од мраз, вклучувајќи ги и оние во 1955 година, во 1999 и 2011 .

Претходните ерупции имале вулкански експлозивен индекс (VEI) помеѓу 4 и 6 на скала од 0 до 8. Во споредба, ерупцијата на Ејафјадлајекидл во 2010 имала VEI-4. Поголемите VEI-6 ерупции можат да се споредат со ерупцијата на Пинатубо во 1991 година.

Географија и изглед на вулканот

Катла е еден од најголемите вулкани на Исланд. Тоа се наоѓа на север од Вик и Мирдал и источно од помалиот глечер Ејафјадлајекидл. Врвот достигнува 1.512 метри и делумно е покриен со глечерот  Мирдалсјекидл. Системот има површина од 595 км2. Кањонот Елдгја е дел од истиот вулкански систем.

Купата на вулканот Катла има дијаметар од 10 километри и вулканот е покриен со 200-700 метри мраз. Вулканот нормално еруптира на секои 40-80 години. Поплавата што надошла при ерупцијата во 1755 се проценува на 200,000–400,000 m3/s (7.1–14.1 милиони cu ft/сек) и може да се спореди со комбинирано просечно излевање на реките Амазон, Мисисипи, Нил, и Јангцекјанг (околу 266.000 m3/s (9.4 милиони cu ft/sec)).

Етимологија

Името Катла потекнува од исландскиот збор ' ("чајник") и се однесува на формата на вулканот. Катла исто така се користи и како женско име.

Праисториска активност

Се смета дека Катла е извор на Веде пепелта. На повеќе од 6 до 7 километри кубни тефра датирано било потекло пред 10,600 години и истата е најдена на голем број локации, вклучително и Веде пепелта во Норвешка, Данска, Шкотска и Северноатлантските јадра.

Историска активност

Шеснаесет ерупции биле запишани за Катла од 930. Последната голема ерупција започнала на 12 октомври 1918 година и траела 24 дена. Тоа веројатно била ерупција со индекс VEI-5. Ерупцијата од 1918 ерупција довела до проширување на јужниот брег од 5 км. поради лахарни талози од поплава. Сегашната хибернација е меѓу најдолгите во познатата историја.

Помали (VEI-1?) ерупции се случиле во:

  • 2011 – VEI-1?
  • 1999 – VEI-1?
  • 1955 – VEI-1?

Поголеми ерупции се случиле во:

  • 934 – VEI-5 или VEI-6, 5 кубни километри тефра 18 кубни километри лава.
  • 1580 – VEI-4
  • 1660 – VEI-4
  • 1612 – VEI-4
  • 1625 – VEI-5
  • 1721 – VEI-5
  • 1755 – VEI-5; 1.5 кубни километри исфрлен материјал. Поплава 200,000–400,000 m³/s
  • 1823 – VEI-3
  • 1860 – VEI-4
  • 1918 – VEI-4 или VEI-5; околу 0.7 кубни километри исфрлен материјал

Повеќето од овие ерупции резултирале со леднички поплави. Тешка пукнатинска ерупција во 934 била една од најголемите лавински ерупции во минатите 10,000 години. Пред да се изгради исландската обиколница во 1974, луѓето се плашеле да поминуваат во близина на вулканот поради честите јекулхлаупи (односно, глечерски поплави). Особено опасна била глечерската поплава по ерупцијата во 1918.

Денешна активност

Катла покажувала знаци на активност уште од 1999 а геолозите сметале дека може да еруптира во блиска иднина. Набљудувањето на вулканот посебно се засилил по ерупцијата во март 2010 на помалиот соседен вулкан, глечерот Ејафјадлајекидл. Ерупцијата на овој вулкан во близина кој одамна бил во хибернација (во март и април 2010) загрижила дел од геофизичарите дека може да разбуди ерупција на поголемиот и поопасен вулкан Катла. Во минатите 1,000 години, сите три познати ерупции на Ејафјадлајекидл поттикнале супсеквентни ерупции на Катла.

По ерупциите во 2010 на Ејафјадлајекидл, на 20 април 2010, исландскиот претседател Олафур Гримсон изјавил:
"се ближи времето Катла да избувне ... ние [Исланд] се подготвивме ...време е европските влади и авионските власти низ цела Европа и светот да почнат да планираат евентуална ерупција на Катла".
Зголемена сеизмичка активност се забележала на Катла по ерупцијата на Ејафјадлајекид но немало други знаци за некаква блиска ерупција. Овие земјотреси биле лоцирани главно на северозападниот раб на купата. На 9 октомври 2010, нагло тресење било забележано во станицата околу Катла како знак за можна ерупција. Во 2010 вулканолозите продолжиле да ја набљудуваат Катла свесни дека секоја нејзина ерупција историски се случувала неколку месеципо по ерупција на Ејафјадлајекидл. Исландската метеоролошка канцеларија на својата веб страница ги става извештаите за потресите во Ејафјадлајекидл и Катла.

Активност во 2011 

Во 2011, геолошката активност довела до шпекулација дека се случила некаква многу мала субглацијална ерупција. Во јуни 2011, хармонични потреси уште еднаш биле детектирани во вулканот Катла. По неколку дена рој од земјотреси бил забележан во купата, покажувајќи насобирање магма внатре во вулканост со што се зголемиле страхувањата од можна ерупција во некоја блиска иднина.

На 8 и 9 јули 2011 друг бран потреси се случил, кој наликувал на мала ерупција на Катла. Исландските медиуми известиле дека можеби почнува мала субглацијална ерупција. Утрото на 9 јули 2011 имало извештај за глечерска поплава во реката Мулаквисл, и подоцна во реката Скалм. Мостот преку Мулаквисл бил уништен како и други делови од патот (Пат 1) на исландската обиколница. Хеликоптерските пилоти кои го прелетувале глечерот пријавиле пукнатини. Научниците кои ја набљудувале активноста шпекулирале за "многу мала" субглацијална ерупција но истото не било потврдено со визуелен и сеизмички доказ.

Активност во 2016 и 2017 

Потреси биле детектирани под Катла во август 2016. При описот на активноста, во извештај од 29 август 2016, било наведено дека имало "сеизмички потрес во Мирдалсјекидл на 29 август со два настана во северниот дел на купата на Катла измерени со магнитуда 4.5. Тие биле најголемите земјотреси во Катла по 1977. Повеќето земјотреси се случиле помеѓу 0:40 и 1:50 попладне. Поголемите земјотреси биле околу 30 секунди разделени во 1:47. По нив следеле 50 помали удари до 15:12 попладне, кога бил забележан земјотрес со магнитуда од 3.3 а потоа циклусот на сеизмичка активност во регионот повторно се намалил. Геотермичката состојба била намалена во текот на седмицата и станала занемарлива.

Во друг извештај на 11 септември било наведено дека дента пред 14:00, мал рој земјотреси започнал во Мирдалсјекидл. Најголемиот земјотрес во ројот бил со магнитуда 3.3 и 3.0 во 16:12 и15:57. Повеќе од 10 помали земјотреси биле детектирани во ројот. Во февруари 2017, сеизмичката активност на вулканот продолжила.

Галерија

Види

  • Ледничко езеро
  • Список на вулкани во Исланд

Надворешни врски

Категории:
Публикувай коментар
Съвети
Все още няма съвети, нито намеци за Катла, все още. Може би ще бъде първият, който ще публикуваме полезна информация за спътници? :)
Местоположение
Карта
Адрес

26.6km from Kerlingardalsvegur, Исланд

Изтеглете упътвания

Хотели в близост

Виж всички хотели Виж всички
Grimsborgir - Your Holiday Home in Iceland

изходен $543

Hotel Drangshlid

изходен $105

Hotel Hlid

изходен $200

Reykjavik Peace Center

изходен $120

Hotel Smari

изходен $126

Aspir homestay

изходен $192

Препоръчителни забележителности наблизо

Виж всички Виж всички
Reynisfjara beach
Исланд

Reynisfjara beach е туристичка атракција во Reynir, Исланд

Skógafoss
Исланд

Skógafoss е туристичка атракција во Evindarhólar, Исланд

Dyrhólaey lighthouse
Исланд

Dyrhólaey lighthouse е туристичка атракција во Dyrhólahverfi, Исланд

Reynisdrangar
Исланд

Reynisdrangar е туристичка атракција во Vík-Handelssted, Исланд

Dyrhólaey
Исланд

Dyrhólaey е туристичка атракција во Dyrhólahverfi, Исланд

Ејафјадлајекидл
Исланд

Ејафјадлајекидл Eyjafjallajoku

Kirkjufellsvatn
Исланд

Kirkjufellsvatn е туристичка атракција во Grafarkirkja, Исланд

Brennisteinsalda
Исланд

Brennisteinsalda е туристичка атракција во Grafarkirkja, Исланд

Подобни туристически атракции

Виж всички Виж всички
Етна
Италија

Етна (итал. Etna или Mongibello; лат. Aetna) е стромболски ву

Попокатепетл (вулкан)
Мексико

Попокатепетл — активен стратовулкан кој се наоѓа во државите Пуебла

Hverfjall
Исланд

Hverfjall е туристичка атракција во Reykjahlíð, Исланд

Везув
Италија

Везув е еден од четирите активни вулкани во Италија на исто

Eldfell
Исланд

Eldfell е туристичка атракција во Ofanleiti, Исланд

Виж всички подобни места