Кавачи или Кахуачи бил голем церемонијален центар на Наските кој денес се наоѓа во Перу. Овој локалитет бил често ископуван од тимот на италијанскиот археолог Џузепе Орефичи. Локалитетот содржи преку 40 структури. Тој е огромен комплекс со површина од 1.5 километри квадратни. Населението на комплексот секогаш било малубројно, но бил центар за аџилак со огромен број на луѓе за време на церемонијалните настани.