Кекеш (унгарски: Kékes tető) — најголем планински врв во Унгарија со висина од 1.015 метри. Се наоѓа во планинскиот венец Матра во жупанијата Хевеш.
Називот Кекеш, планината го добила благодарејќи на својата, многу честа, сина боја која ја добива заради својата висина, магла и испарувањето. На унгарски јазик кек (kék) значи сино (боја), додека пак еш (es) присвојна придавка, тете (tető) значи врв, кров. Така што буквалниот превод на името на планината би бил Синкаст врв.
Кекеш е трета, по популарност, туристичка атракција во Унгарија, по Балатон и Дунав. Самата планина е полна со хотели и скијачки стази. На самиот врв на планината се наоѓа телевизиска кула.
Тур де Хунгрија, (Tour de Hongrie) е рели организирано од страна на унгарското авто-мото друштво и секоја година се одржува на Кекеш.
Досегашни победници на разни релации биле