Клиската тврдина е тврдина која се наоѓа во Сплитско-далматинска жупанија, во Хрватска. Тврдината била изградена пред повеќе од 1000 години. Во текот на 9 век, Клис бил седиште на династија Трпимировичи, а тврдината била престолнината на Хрватска. По заземањето на тврдината од страна на Османлиите, тие тврдината ја претвориле во џамија, градејќи минаре. Во 1648 година, тврдината паднала под власта на Венецијанската република, а џамијата ја претвориле во црква. Света Маргарет Унгарска била родена во оваа тврдина, во времето на монголската инвазија на Хрватска.