Комо (италијански: Lago di Como или Lario) е езеро од глечерско потекло во Ломбардија, Италија. Зафаќа површина од 146 км² и со тоа е трето по големина во земјата, по Гарда и Маџоре. Со своите 410 м ова езеро е едно од најдлабоките езера во Европа и самото дно е 200 м подморска височина.
Езерото има многу интересен облик: како превртена буква „Y“. Северниот ракавец почнува од градот Колико, додека градовите Комо и Леко се наоѓаат на краевите на југозападниот, односно југоисточниот ракавец. Малите гратчиња Белаџо, Менаџо и Варена се наоѓаат кај крстопатот помеѓу трите ракава на езерото: ти се поврзани, меѓу другото, со тригајолна бродска превозна служба.
Во голем дел езерото го полни реката Ада, која се влива близу градот Колико а истекува кај градот Леко. Ова значи дека југозападниот ракавец е всушност ќорсокак бидејќи Комо, за разлика од Леко, често се поплавува. Убавината на езерото и околината привлекува многу богати луѓе и ѕвезди каде тие имаат вили.
Вистинското италијанско име на езерото е Lario, но ова име ретко се употребува; Обично езерото се нарекува Lago di Como', што значи „Езеро Комо“.
]]
Населени места крај КомоЗападен брег од север кон југ |
Јужен брег од запад кон исток |
Источен брег од север кон југ |
---|---|---|
|
|
</table> ]] Видете исто така
Надворешни врски |