Контрактовскиот плоштад (украински: Контрактова площа) е плоштад кој се наоѓа во Киев, Украина. Плоштадот се наоѓа во реонот Подил, и претставува голем економски, културен и транспортен центар на Подил.
Плоштадот бил познат уште во времето на Киевска Рус како стратешки дел од Подил. Изградбата започнала во текот на 18 век.
Во периодот од 1748-1749 година била изградена Самсоновата фонтана, чија изградба била наменета за дистрибуција на водата во оваа област.
Во текот на својата историја, плоштадот имал многу имиња. Во периодор од 1869-1919 се викал Александров плоштад, во периодот од 1919-1944 се викал Црвен плоштад, од 1945-1990 се викал Контрактовски, но сè уште популарно се нарекувал по своето старо име, за да во 1990 официјално биде преименуван под денешното име.
Позначајни градби: