Кулата Галата (турски:Galata Kulesi) е кула која се наоѓа во Истанбул, Турција. Сместена е во населбата Галата, во близина на Златниот Рог. Кулата била изградена во 528 година во времето на Јустинијан I, но била срушена во време на четвртата крстоносна војна. Кулата била обновена во 1348 година и се нарекувала Христова кула. Во 1990 година кулата била обновена, а на нејзиниот највисок спрат, денеска се наоѓа ресторан и ноќен бар.