Веленце (ерменски: Velencei-tó) е трето по големина езеро во Унгарија и се наоѓа во административниот округ Фејер.
Езерото е со површина од 26 км², но на една третина е покриено со трска и на повеќе места е доста плитко. Во текот на летото температурата на водата се движи во распон од 26°C до 28°C, што го сместува во ред на езера со најтопла вода во Европа. Овој факт довел до тоа што езерото станало популарна излетничка дестинација.
Езерото се наоѓа во административниот округ Фејер, на автопатот помеѓу Будимпешта и Секешфехервар, непосредно под Веленачките Планини
Езерото е природен резерват и дом е за многу барски птици.