Ли (中文. 漓江, Шаблон:Пинјин, Лиџанг) — река во покраината Гуангсји во НР Кина и притока на Бисерната Река.
Избира во Маоар во округот Сјинган и тече јужно низ окрузите Гуејлин, Јангшуо и Пингле. Во Пингле реката се спојува со две други помали реки и продолжува на југ под името Гуеј, која пак се влева во реката Сји, која е западна притока на Бисерната Река во Вуџоу.
Во горното течение, реката Ли е поврзана преку древниот канал Лингчи со реката Сјанг, која тече на север и се влева во Јангцекјанг. Затоа во минатото реките Ли и Гуеј претставувале мошне важни водни патишта кои ја поврзувале долината на Јангцекјанг со делтата на Бисерната Река.
Реките Ли и Гуеј имаат течение од 437 километри со карактеристични стрмни зелени ридови од обете страни. Позната атракција на реката Ли е рибарењето со корморани. Необичните карстни ридови во тие предели неретко се споредуваат со оние во заливот Халонг во Виетнам.
Долж 100 километри по течението на Ли се извишуваат планински врвови. Оваа област е меѓу најпознатите предели во Кина. Некои поважни места од интерес се:
Пределите на реката Ли се прикажани на банкнотата од 20 јуани.