Лох Неј Lough Neagh Loch nEathach | |
---|---|
Лох Неј Lough Neagh Loch nEathach - Сателитска снимка на езерото | |
Лох Неј Lough Neagh Loch nEathach - Лох Неј во Северна Ирска (сиво) во рамките на целиот остров Ирска | |
Место | Северна Ирска |
Координати | </small> |
Главен дотек | Горен Бан, Сиксмајлвотер, Гленави, Крамлин, Блеквотер, Мојола, Балиндери, Мин |
Главен истек | Бан |
Површина на сливот | 4.550 км² |
Земји во сливот | Обединето Кралство (91%) Република Ирска (9%) |
Макс. должина | 30 км |
Макс. ширина | 15 км |
Површина | 392 км² |
Прос. длабочина | 9 м |
Макс. длабочина | 25 м |
Водна зафатнина | 3,528 км³ |
Острови | Деривара, Куни, Крохан, Овнов Остров, Падијан |
Лох Неј (ирски: Loch nEathach [ɫ̪ɔx ˈn̠ʲahax], англиски: Lough Neagh — големо езеро во Северна Ирска.
Со површина од 392 км², Лох Неј е најголемото езеро на Британските Острови и на 31-во место во Европа. Езерото се наоѓа на 30 км западно од градот Белфаст, а има димензии од 30 км во должина и 15 км во ширина. Деловите крај брегот се многу плитки, а просечната длабочина на езерото во целина изнесува 9 м. Максималната длабочина е 25 м.
Од вкупното сливно подрачје од 4.550 км², околу 9% ѝ припаѓа на Република Ирска, а 91% на Северна Ирска. Вкупно 43% од земјиштето во Северна Ирска се исцедува во Лох Неј, кое самото се празни во морето на север, преку реката Бан. Како еден од изворите на горното течение на Бан (Горен Бан), езерото може да се смета за дел од реката.
На бреговите на езерото се расположени следниве населени места: Крејгавон, Антрим, Крамлин, Рандалстаун, Тумбриџ, Балиронан, Балиндери, Муртаун, Ардбо, Махери, Лурган и Махерафелт.
Грофовии во Северна Ирска Окрузи во Северна Ирска
На езерото излегуваат пет од шесте грофовии во Северна Ирска (сите освен Фермана), па така и самата водна површина е поделена помеѓу нив. Тие се следниве (набројани надесно):
Езерото се користи за рекреативни и стопански цели. Меѓу стопанските спаѓаат водоснабдувањето и индустрискиот лов на јагули.
Во XIX век се изградени повеќе канали, за да ги поврзат крајезерските места со пристанишните градови. Тие се: Лаганскиот канал (поврзува со Белфаст), Њурискиот канал (поврзува со Њури) и Алстерскиот канал, кој поврзува со Лох Ерн, а оттаму преку реката Шанон со градовите Лимерик, Даблин и Вотерфорд. Друга врска е долното течение на реката Бан (Долен Бан), преку која се доаѓа до Колрејн, а во околината се наоѓа и краткиот Колајлендски канал за транспорт на јаглен. Од сите овие водни патишта, денес функционира само долното течение на Бан, но се изготвува и план за враќање на Алстерскиот канал во стопански пловна состојба.
Покрај вообичаените езерски рекреации, Лох Неј е атрактивно место за набљудувачи на птици од разни земји поради бројот и разновидноста на птиците што презимуваат и летуваат во тресетиштата околу езерото.
Според едно старо предание, езерото настанало кога легендарниот џин Фин мак Кумал зграпчил огромна грутка од земјата и ја фрлил кон негов соперник во Шкотска. Меѓутоа, џинот промашил, и грутката паднала во Ирското Море, и така настанал островот Ман.
Езерото кај Киливулахан, грофовија Тирон
Езерото кај 'ртот Ардмор
Езерото кај Голис Гејт, грофовија Антрим
Езерото кај Махери, грофовија Арма
Езерото кај Балиронан, грофовија Лондондери
Ризница | „Лох Неј“ на Ризницата ? |
Категорија:Езера во Ирска