Лондонската кула (англиски: The Tower или Tower of London) или Кралски дворец и тврдина на на нејзино величество (англиски: Her Majesty's Royal Palace and Fortress) е историска тврдина во централен Лондон, на северниот брег на реката Темза. Тврдината е најстариот објект кој се користи од британската влада. Лондонската кула често се идентификува со Белата кула, односно квардратната мала тврдина која била изградена во времето на Вилијам Освојувачот во 1078 година.
Кулата е висока 27 метри и била изградена за заштита на градот од норманските освојувачи и за заштита на локалното население. Нејзините ѕидини се широки 4.5 метри. Таа на неколку пати била доградувана и реновирена. Во времето на Ричард I била изградена ограда околу тврдината, како и канал околу тврдината. Во времето на Хенри III кулата го добила денешното си име.
Во текот на својата историја, кулата служела како крлски дворец, како и затвор. Овде биле затварани особено затворениците од висок ранг во англиското општество. Кулата исто така служела и како место за егзекуции, канцеларија за јавни архиви.
Најпознати личности од историјата на Англија, кои биле затвореници или биле егзекутирани во оваа кула се: