Манастирот „Свети Ѓорѓи Зограф“ е бугарски манастир, коj се наоѓа во северозападниот дел на Автономната Монашка Држава Света Гора на полуостровот Халкидики, Егејска Македонија, Грција. Истиот e на 9-то место во хиерархијата на манастири во монашката држава и е еден од трите словенски манастири во Света Гора. Според манастирската легенда, запишана во "Сводна грамота", бил основан во 9 или 10 век од три браќа од Охрид - Моjсеj, Арон и Иван Селима. Наjстарите зачувани документи, кои се сведоштво за постоењето на монашкото братство, се од 980 година. Денес има повеќе од 15 монаси.