Милштатско Езеро Millstätter See | |||
---|---|---|---|
upright=1.1 Поглед од исток | |||
upright=1.1 | |||
Подрачје | Корушка | ||
Координати | </small> | ||
Вид | ледничко езеро</td></tr> | ||
Главни приливи | Ригенбах</td></tr> | ||
Главни истеци | Зебах до реката Лизер</td></tr> | ||
Слив | 285 км²</td></tr> | ||
Сливни земји | link= Австрија</td></tr> | ||
</tr> | |||
Најг. должина | 12 км</td></tr> | ||
Најг. ширина | 1,8 км</td></tr> | ||
Површина | 13.3 км²</td></tr> | ||
Прос. длабочина | 89 м</td></tr> | ||
Најг. длабочина | 141 км</td></tr> | ||
Зафатнина | 1.205 км³</td></tr> | ||
Проточност | 7,5 години</td></tr> | ||
Надм. височина | 588 м</td></tr> | ||
</tr> | |||
Населени места |
Зебоден, Милштат, Дебријах</td></tr></table> Милштатско Езеро (германски: Millstätter See; словенечки: Milštatsko jezero) — езеро во сојузната покраина Корушка, во Австрија. ГеографијаСе наоѓа на 588 метри надморска височина, северна од долината на реката Драва, во рамките на Норишките Алпи, масив на Централните Источни Алпи, близу градот Шпитал на Драва. Со површина од 13,3 км², Милштатското Езеро е најголемото езеро во Корушка (зад Вертерското Езеро), иако со длабочина од 141 метар е најдлабоко. Милштатското Езеро со долината на Драва во позадина Нејзиниот стрмен брег му дава на езерото облик на фјорд. Милштатските Алпи на север се издигаат до 2.100 метри и заштитуваат од студени ветрови, па така температурата на водата може да достигне до 25°С. Тесната и долга површина се протега 12 километри исток-запад. На југ се наоѓа шумата Хохгош, со широчина од 2 километри и надморска височина од 876 метри, го дели езерото од долината на Драва. Името потекнува од градот Милштат на северниот брег. Други општини близу езерото се Зебоден и Радентхајн-Дебријах. Ублажениот јужен брег, заштитена област од 1970 година, е скоро ненаселена. ГеологијаЕзерото потекнува од последното ледено доба, пред околу 20.000 години, кога северниот дел на ледникот Драва се стопил и езерото претставува остаток од него. Милштатската област е дел од австроалпскиот дел, составена од гнајс и резерви на шкрилец со кварцит. ЛимнологијаБројни потоци се вливаат во езерото, од кои Ригербах близу Дебријах е најголем. На западниот крај на краткиот поток Зебах ја води водата во реката Лизер, која е притока на Драва. Езерото со својата длабочина има чисти води со квалитет скоро на питка вода. Рибарството, особено на пастрмка, била извор на храна и работа за жителите од древни времиња. Денес, спортското рибарство и обичниот риболов се особено вообичаени, не само за пастрмка, туку и за неколку други видови на риба. СообраќајПатнички брод Милштатското Езеро може да се стигне преку станицата Шпитал-Милштатско Езеро на линијата Тауернска ќелезница со патнички воз преку Австриските сојузни железници (ÖBB). Автопатот Б98 води долж северниот брег на езерото, поврзувајќи го Тауернскиот автопат (А10) од Салцбург до Вилах (дел од Е55). Од 1901 година, бродскиот транспорт на езерото во лето е обезбеден со бродското претпријатие „Милштатско Езеро“, кое денес раководи со четири пловила. НаводиНадворешни врски
Категорија:Езера во Австрија
|