Мулен Руж (на француски: 'Moulin Rouge' или Црвената мелница) е кабаре изградено во 1889 од Жозеф Олер, кој исто така бил сопственик и на театарот Олимпија во Париз. Близу до Монмартр и Пигал на булеварот де Клиши во 18-от арондисман. Карактеристика и препознатлив знак за ова старо кабаре е црвената ветерница на кровот.
, Мулен Руж, 1890 Арт Нуво постер за познатата музичка концертна сала и кабаре]]
Мулен Руж е туристичка дестинација, место кое нуди музика и танц за забава на возрасни посетители од целиот свет.
Познати изведувачи кои настапувале во Мулен Руж се Жозефин Бејкер, Френк Синатра, Џејн Аврил, Едит Пјаф и други. Мулен Руж е исто така и предмет на цртежите на познатиот француски пост-импресионист и сликар Тулуз-Лотрек.
"Рулен Руж" е и наслов на книгата на Пјер Ла Мир, којашто во 1952 беше адаптирана за филмот наречен Мулен Руж, во кој настапуваат Хозе Ферер и Заза Габор. Неколку други филмови го носат истиот наслов, вклучително и оној Мулен Руж од 2001 година, во кој игра американската глумица Никол Кидман. И оној од 1952 и поновиот од 2001 беа номинирани за наградата Оскар за најдобар филм.
Главен настан на вечерта во Мулен Руж е изведбата на традиционалниот француски кан-кан, кој се изведува и денес. Во раните денови на Мулен Руж кан-кан играле куртизаните за забава на машката клиентела. Се игра со енергични движења и имал за цел да го заведе потенцијалниот муштерија. Токму затоа, негова карактеристика е подигнувањето на здолништето и покажувањето на нозете, а понекогаш и гениталиите. Како минувало времето овој танц, оригинално изведуван како обичен танц на забавите на работничката класа, станувал се повулгарен и поеротичен дури до степен на скандалозност.
Подоцна, кога во Европа се повеќе се популаризирала забавата и танцовите дворани, куртизаните повеќе не му биле потребни на Мулен Руж кој се претворил во легален ноќен клуб. Модерниот кан-кан е составен од виртуозни танчери кои ги забавуваат гостите.
Денес кан-канот изведуван во Мулен Руж има култен статус за танцот и танчерите низ целиот свет.
Андреј Бели во своето 106то писмо му пишувал на Александар Блок за 'Пеколната Таверна' во Мулен Руж, каде лакеите се облечени како ѓаволи..
насликал многу постери и сцени на ноќниот живот во Париз.]]
Шест филма беа снимени под насловот 'Мулен Руж':
Исто така: