Музеј Пикасо (Париз)

Музејот Пикасо во Париз е француски национален музеј посветен на животот и делото на сликарот Пабло Пикасо и уметниците кои биле поврзани со него. Музејот се наоѓа во III округ на Париз, сместен во зградата на Хотелот Сале и истиот ја поседува најобемната колекција на делата на овој истакнат сликар од шпанско потекло кој живеел и творел во Париз.

Историја

Од Хотелот Сале до Музејот Пикасо

Пјер Обер де Фонтене на 16 мај 1656 за 40 000 ливри купил земјиште од 3 700 м2 кое се наоѓа северно од улицата Перл со цел да изгради замок. Како архитект одбрал млад непознат човек, Жан Булие од Бурж. Тој припаѓал на семејство градители а неговиот прадедо претходно веќе бил во служба на семејството на Пјер Обер де Фонтене. Хотелот Обер де Фонтене, го нарекувале Солениот хотел (на француски, хотел Сале), во спомен на потеклото на богатството на сопственикот, одговорен за собирањето на данокот за сол — солен данок. Три години подоцна, во последните денови на 1659, работата била завршена и Пјер Обер бил во можност да се насели во неговиот нов хотел. Резбаната декорација им била доверена на браќата Гаспар и Балтазар Марси и Мартин Дежарден. Во 1660 година, Пјер Обер де Фонтене купил повеќе објекти низ Париз, меѓу кои и зградата на Театарот Маре каде во 1634 до 1673 Корнеј ги создал своите први драми. Богатиот Де Фонтене потоа пропаднал и во 1663 му бил одземен имотот. По пропаста на Пјер Обер де Фонтене, овој раскошен хотел го посакувале повеќе доверители што резултирало во постапка која траела шеесет години.

Од крајот на 17 век до 20, хотелот доживувал разни судбини. Во 1964 година, градот Париз го купил хотелот, која е класифициран како историски споменик на 29 октомври 1968 година. Од 1974 до 1984 година, хотелот бил реновиран и обновен. Во 1974 паднала одлуката во хотелот да се постави колекцијата на Пикасо. Во 1976 на конкурс било одлучено Ролан Симуне да се го адаптира во музејот враќајќи му го на хотелот неговиот оригинален изглед. Архитектот морал да ја почитува зградата со историски карактер, обезбедувајќи простор за презентација и чување на делата, прием на посетители. Декоративните елементи, лустери, клупи, столчиња, маси, биле специјално создадени за музејот од страна на Диего Џакомети. Музејот бил отворен за јавноста во 1985 година.

Последователни сопственици

Зградата има неколку познати сопственици, меѓу кои и амбасадорот на Венеција (помеѓу 1668 и 1688), и потоа, по 1688, Франсоа де Нефвил, војводата од Вилроа, миленик на Луј XIV Луј.

Хотелот потоа бил ставен на продажба и поминал во сопственост на Никола Ле Ками (прв претседател на Судот за помош), во 1728, а потоа му бил препродаден на Филип Тиру де Шамевил, во 1756. По неговата смрт, во 1771, хотелот го наследиле негова ќерка и зетот, Луј Леклерк, маркизот де Жиње. Запленет во тек на Француската револуција, зградата на хотелот станала национално книжевно складиште во која се собрани книгите од околните манастири. Потоа, куќата била продадена од граѓанинот Роберт Морел на граѓанинот Луј Никола Обри, кој ја продал во 1798 на граѓанинот Русиј Моренвил. На 27 февруари 1916, починала госпоѓицата Мари-Луси Русиј, родена во 1848 година. Таа била единствената наследничка на целиот имот на Русиј. Хотелот, по нејзина волја останал во наследство на внукот Гаврил Ламуру. Габриел Ламуру умрел на 3 ноември 1962 година а на 24 март 1964 година, неговите наследници биле повикани на Суд, во Париз, за да ја слушнат одлуката за експропријација на хотелот. Градот сакал да создаде музеј за костими. Одлуката на судот, оспорената од оние на кои им бил одземен имотот, била потврдена на 3 февруари 1966. Градот Париз не го основал планираниот музеј за костими, туку, по смртта на Пикасо, хотелот Сале го дала во сопственост на државата за во него да се инсталира музејот посветен на уметникот.

Архитектура

Тремот излегува во полукружен лесно овален двор. Левата страна е градба во trompe-l'oeil. Патеката кон десното крило дава пристап до помал двор, каде порано биле сместени шталите и кујните, директно водејќи до улицата Кутур-Сен-Жерве. Еден ходник ги поврзувал кујните со централниот дел на куќата. Главната фасада вклучува еден спрат и таван над приземјето, со првата издаденост која има фронтон со грбот на Обер (глави на кучиња), и втората издаденост со еден централен распон. Од страната на градината, фасадата е најголема во областа Маре. Во главниот дел на куќата има внатрешни скали. Неколку уметници придонеле за декорацијата на хотелот.

Музејот

Хотелот Сале, целосно бил обновен. Музејот Пикасо го дизајнирал архитектот Ролан Симуне и истиот бил инаугуриран во 1985. Тој ја содржи најбогатата колекција на делата на уметникот во светот и ги опфаќа сите негови периоди.

Постојана колекција

По неговата смрт, Пикасо оставил околу 40 000 дела во различни својства. Наследниците донеле во прво време 203 слики, 158 скулптури, 16 колажи, 29 релјефни слики, 88 парчиња керамика, 1500 цртежи, 1600 отпечатоци и ракописи.

Личната колекција на Пикасо, која ја правел за време на неговиот живот во собирање на делата на неговите пријатели (Брак, Матис, Миро, Дерен...), на мајсторите на кои тој се восхитувал (Сезан, Ле Дуанје Русо, Едгар Дега, Џуџето...) Првите дела, биле дадени на француската држава во 1978 година да бидат претставени во музејот Лувр. Оваа колекција природно се приклучила на фондот на Музеј Пикасо. Во 1990 година, по смртта на Жаклин Рок, во 1986 година, сопругата на Пикасо, музејот добил нова донација. 47 слики, 2 скулптури, четириесет цртежи, керамика, резби, како збогатување и надополнување на оригиналната колекција. Конечно, во 1992 година, личната архива на Пикасо била донирана на државата. Со своите илјадници документи и фотографии кои ги опфаќаат живот на Пикасо, тие придонесуваат музејот да стане главниот центар на студија на животот и делото на уметникот. Декоративни елементи во рамките на изложбените сали на музејот, лустери, клупи, столчиња, маси, биле специјално создадени за потребите на музејот од страна на Диего Џакомети. Музејот има колекција која содржи 4 609 дела изложени во моментов од вкупно 4 949 уметнички дела, од кои 4 862 се на Пикасо, во прилог на 17 623 фотографии, 384 филмови, 11 000 книги, од кои 89 се илустрирани од Пикасо и 200 000 записи.

Црна хроника

Кражба на книга со цртежи, чија вредност се проценува на 8 милиони евра, се наоѓаат во музејот на 9 јуни 2009 година.

Реновирање

Националниот Музеј Пикасо бил затворена за јавноста за големо реновирање и проширување, додека неговото повторно отворање било во октомври 2014 година.

Периодот на проучување, експертиза, техничка обука и административната работа, започнал во септември 2011 година. Проектот за обнова, модернизација и реструктуирање на архитектурата на Хотелот Сале им била доверена на архитектите Жан-Франсоа Боден (Bodin & Associés) и Стефан Туен, главен архитект за историски споменици. Овој проект тројно ја зголемил површината посветена на колекциите и организирање на повремени изложби. При повторното отворање на музејот, колекциите се збогатиле за повеќе од 500 дела на Пикасо кои можат да бидат презентирани на четири ката на зградата. Обновениот музеј во Париз бил отворен на 25 октомври 2014 година од страна на претседателот на Република, Франсоа Оланд.

Меѓународна турнеја

Во текот на времетраењето на реновирањето, колекција на дела од музејската поставка е дадено во контекст на големи меѓународни изложби организирани од страна на музејот под наслов: "Ремек-дела од националниот Музеј Пикасо во Париз ". Овие изложби, му обезбедиле 31 милиони евра во музејот.


Поврзани Статии

  • Список на музеи во Париз
  • Пабло Пикасо

Надворешни врски

Наведени во следните категории:
Објавувате коментар
Совети
Уредување од:
Tiki Roberts
8 January 2017
If you plan to "pop in" prepare to wait in line for a WHILE. Ultimately it will be worth the wait as the museum is rich with the history and masterpieces of the artist.
Roxanne Schwartz
14 July 2017
Loved this museum. Both the collection and the setting/architecture the work was in. We went during the week in peak season and there was no line at all.
Josef Szotten
1 January 2015
I can't stress enough. Book tickets in advance! We didn't and queued for 2-3h. Book book book because it's worth it. Great art as you'd expect.
Parix @
16 January 2017
I really liked it,it was not a famous museum for masterpiece of picasso ,it was distribution of whole art works in certaine period .it is worth to visit an enjoy.
Kaleem Rahman
24 June 2018
Cool thing about this museum is that it includes art from Picasso’s personal collection, and from a set of artists inspired by his movement.
Laura LEV
26 January 2019
Très beau lieu, offrant une grande collection des œuvre de Picasso. Des visites guidées gratuites sont régulièrement organisées, vérifier sur le site. Un petit café est disponible dans le musée.

Хотели во близина

Видете ги сите хотели Види се
Magnificent Studio Heart of Paris

почнувајќи од $87

Melia Paris Notre-Dame

почнувајќи од $678

Hotel Les Rives de Notre Dame

почнувајќи од $606

Hotel Le Notre Dame

почнувајќи од $299

Hotel Henri IV Rive Gauche

почнувајќи од $249

Hotel Esmeralda

почнувајќи од $99

Препорачани место во близина

Види се Види се
Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Musée Cognacq-Jay

The Musée Cognacq-Jay is a museum located in the Hôtel Donon in the 3

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Museum of French History

The Musée de l'Histoire de France is a state museum of French history

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Карнавале

Карнавале е музеј во Париз е посветен на историјата на градот. Музеј

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Hôtel de Soubise

]]

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Musée de la Chasse et de la Nature

The Musée de la Chasse et de la Nature is a private museum of hunting

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Musée d'Art et d'Histoire du Judaïsme

The Musée d'Art et d'Histoire du Judaïsme is a museum of Jewish art a

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Place des Vosges

The Place des Vosges is the oldest planned square in Paris.

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Hôtel de Sully

The Hôtel de Sully is a hôtel particulier, or private mansion, in t

Слични туристички атракции

Види се Види се
Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Dean Gallery

The Dean Gallery is an art gallery in Edinburgh, Scotland, and is part

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Kunstsammlung Nordrhein-Westfalen

The Kunstsammlung Nordrhein-Westfalen is the arts collection of the

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Kiasma

Kiasma (built 1993–1998) is a contemporary art museum located on M

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Museum Boijmans Van Beuningen

The Museum Boijmans Van Beuningen is the main art museum in Rotterdam,

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Musée National d'Art Moderne

REDIRECTCentre Georges Pompidou

Видете ги сите слични места