Националната ботаничка градина Гришко (украински: Національний ботанічний сад ім. М.М. Гришка) се наоѓа во престолнината на Украина, Киев.
Оваа ботаничка градина е под контрола на Академијата на науките на Украина. Била основана во 1936 година и денеска опфаќа 1,3 km ² (120 хектари) и содржи преку 13,000 видови дрвја, цвекиња и други видови расади од целиот свет.
Видубичкиот манастир и манастирот Света Тројца се наоѓаат во нејзиниот комплекс.