Небесното Езеро (корејски: 천지, Hanja: 天地, Chonji; кинески: Tianchi) е кратерско езеро на границата помеѓу Кина и Северна Кореја. Сместено е во калдера на вулканските планини Бекду, кои се дел од веригата на Бекдудеган на Чангбајските Планини. Се наоѓа во покраината Јангандо, С. Кореја, и , дел во Џилин, североисточна Кина.
Многумина веруваат дека ова езеро е дом на Чудовиштето од Небесното Езеро, кое Корејците го нарекуваат Ченџи.