Невис е остров во Карипското Море. Островот се наоѓа во близина на северниот крај на Малите Антили, на околу 350 км источно од Порторико и 80 км западно од Антигва. Невис има вкупна површина од 93 километри квадратну и главен град на островот е Чарлстаун. Официјален јазик на островот е англискиот, со писменост на население од околу 98%. На Невис живеат околу 12.000 жители, воглавно Афроамериканци.
Невис и соседниот остров Свети Кристофер ја сочинуваат федерацијата Свети Кристофер и Невис. Двата острова се одделени со канал кој е плиток и долг 3.22 км. Островот Невис има овална форма и во средината на островот се наоѓа вулкански врв наречен исто како и островот. На западниот и северен брег од островот има песочни плажи кои се составени од мешавина од бел корален песок и кафеав песок кој е од вулканско потекло. На островот има извори на свежа вода, како и на топла вода.
Првичното име на островот било Оуалие (Oualie), име кое било дадено од народот Кариби и значи „земја на убави води“. Првите британски доселеници го именувале островот како Дулсина (Dulcina) што значи „сладок остров“. Името „Невис“ потекнува од шпанскиот јазик од името „Нуестра Сењора де лас Ниевес“ (Nuestra Señora de las Nieves) и значи „Нашата госпоѓа од снегот“. Ова име прв пат се појавило на карта во 16 век.
Островот, административно, е поделен на пет парохии: