Замоци в Schwangau

Нојшванштајн

9.9/10

Нојшванштајн (германски: Schloss Neuschwanstein, во превод „нова лебедова карпа“) е замок изграден во XIX век на стрмен рид близу Хоеншвангау и Фисен во југозападна Баварија во Германија. Негов нарачател бил кралот на Баварија Лудвиг II кој го користел како своевидно засолниште, обогатено со елементи кои му оддаваат почит на композиторот Рихард Вагнер, кој претставувал инспирација за кралот. Иако на јавноста не ѝ е дозволено да ја фотографира внатрешноста, овој замок е најфотографираниот објект во Германија и една од најпопуларните туристички дестинации.

Координати: 47°33′27″N 10°45′00″E / 47.5575, 10.75</tr> </tr>
Нојшванштајн
250px
Нојшванштајн гледан од мостот Мариенбрике
Schloss Neuschwanstein (германски)
Зграда
Архитектонски стил Неоромантизам
Град Хоеншвангау
Земја Баварија, Германија
Клиент Лудвиг II
Сопственик Баварија
Координати 47°33′27″N 10°45′00″E / 47.5575, 10.75</td></tr>
Изградба
Започнато 5 септември, 1869</td></tr>
Проектантски тим
Архитект Кристијан Јанк, Едуард Ридел, Георг Долман</td></tr>

</table> Нојшванштајн (германски: Schloss Neuschwanstein, во превод „нова лебедова карпа“) е замок изграден во XIX век на стрмен рид близу Хоеншвангау и Фисен во југозападна Баварија во Германија. Негов нарачател бил кралот на Баварија Лудвиг II кој го користел како своевидно засолниште, обогатено со елементи кои му оддаваат почит на композиторот Рихард Вагнер, кој претставувал инспирација за кралот. Иако на јавноста не ѝ е дозволено да ја фотографира внатрешноста, овој замок е најфотографираниот објект во Германија и една од најпопуларните туристички дестинации.

Лудвиг не примал посетители во неговите замоци, но по неговата смрт во 1886 замокот бил отворен за јавноста (делумно за да можат да се отплатат долговите во кои влегол кралот при изградбата). Оттогаш до денес замокот го имаат посетено над 50 милиони луѓе. Годишно Нојшванштајн добива 1.3 милиони посетители, со над 6,000 посетители дневно во текот на летото. Нојшванштајн се среќава во неколку филмови, а меѓу другото послужил и како инспирација за замоците во забавните паркови Дизниленд на неколку локации во светот.

Денес дворецот е во сопственост на покраината Баварија, за разлика од блискиот замок Хоеншвангау, кој е во сопственост на поглаварот на семејството Вителсбах, моментално војводата Франц. Од 1990 наваму, Баварската влада има потрошено над 14.5 милиони евра за одржување на замокот, негово реновирање и посетителските услуги.

Историја

Фотохромна слика на предната фасада и околината, некаде во 1890-тите Замислата за замокот потекнува од самиот Лудвиг II, кој ја изразува во неговото писмо до Рихард Вагнер, потпишано на 13 мај, 1868;

Намеравам да ги обновам рушевините на стариот замок кај Хоеншвангау блозу клисурата Полат во автентичен стил на замоците на старите германски витези... местото е најубаво што може да се најде, свето и непристапно, достоен храм за божетвениот пријател кој му донесе спасение и вистински благослов на светот.

Замокот во изградба, 1886

Каменот-темелник билк удрен на 5 септември 1869. Нојшванштајн е дизајн на Кристијан Јанк кој бил сценограф, а не архитект, што зборува за намерите на Лудвиг II и ја објаснува фантастичноста на неговиот проект. Архитектонските решенија, од големо значење за таков опасен терен, ги дал најпрвин минхенскиот дворски архитект Едуард Ридел, а подоцна и Георг Долман, зет на архитектот Лео фон Кленце.

Дворецот најрвин се нарекувал Нов Хоеншвангау сѐ до смртта на кралот, кога бил преименуван во Нојшванштајн - замокот на Лебедовиот Витез Лоенгрин, од Вагнеровата истоимена опера. По потекло, првобитниот замок се нарекувал Шванштајн, седиште на витезите од Швангау, чиј амблем бил лебедот.

Нојшванштајн бил речиси завршен, кога во 1886, Државната комисија на чело со Д-р. Бернхард фон Гуден го прогласила кралот за луд и веднаш го уапсила. Кралот не можел да се совземе и го прашал фон Гуден, „Како можете да ме прогласите за луд? Не ме ни прегледавте!“ Потоа кралот бил однесен во замокот Берг, но на 13 јуни, 1886 го нашле удавен во плитка вода во блиското езеро Штарнберг, заедно со фон Гуден, психијатарот кој го ставил под надзор. До денес не се знае како и зошто кралот и докторот завршиле мртви. Се претпоставува дека за симнувањето на Лудвиг од престолот е одговорно семејството Вителсбах кое повеќе не можело да ја толерира екстравагантноста на Лудвиг за која се расфрлал со приватни пари на династијата.

Архитектура

Поглед на Нојшванштајн од блискииот гребен Дворецот се состои од стражарница, пергола, витешки дом со квадратна кула, и утврден замок, со две кули на западниот крај. Целата композиција има мошне театрален ефект, како од надворешноста, така и во внатрешноста. Влијанието на кралот е насекаде очигледно, особено бидејќи бил силно заинтересиран и зел активно учество во дизајнот и украсувањето.

Во рамките на на утврувањето замокот содржи престолна одаја, одаите на Лудвиг, т.н. „Сала на пејачите“ и грото (пештера). Низ целиот замок е констуиран и украсен во духот на германските легенди за Лоенгрин, Лебедовиот Витез. Хеоншвангау, каде Лудвиг ја провел младоста, имал украси на тема оваа сага. Оваа тема била обработена и во оперите на Рихард Вагнер. Многу од собите се украсени со сцени од разни опери на Вагнер, меѓу кои се наоѓа и театар со постојана сценографија од едно од неговите дела. Многу од просториите стојат сѐ уште неукрасени, со тоа што пред смртта на кралот биле украсени само 14 простории. При смртта на кралот, еден од поважните планирани елементи останал неизграден. Тоа бил масивниот донжон кој се планирал да стои во средината на горното предворје, но чија изградба била прекината од кралското семејство. Темелот за донжонот може да се види и денес во предворјето.

Слика на престолната одаја, поглед од престолот

Меѓу завршените соби е престолната одаја, со лустер од полудраги камења, сите дванаесет апостоли, насликани на ѕидот околу на престолот, но самиот престол никогаш не бил завршен. Позади пиедесталот стои насликан Исус Христос. Во спалната соба на кралот стои неговиот рачно изрезбан кревет, а на балдахинот се изделкани и изрезбани кулите од секоја катедрала во Баварија, таен тоалет (кој користи вода собрана од аквадукт) и мијалник во облик на лебед. Рачно изрезбаното дрво го има низ цела соба и е толку детално што биле потребни 10 години за да се изработи. Во замокот има и капела, соба направена да личи на пештера, комплетна кујна со топла и ладна вода и греени креденци, соби за послугата, работна соба, трпезарија и „Сала на пејачите“, сала за изведба на музички и драмски дела. Кралот ја изградил оваа сала за Вагнер, како место за пишување и изведба на драми. Иако кралот не доживеал да види изведба во неа, по неговата смрт па до денес салата се користи за таа намена.

И покрај средновековниот изглед, за изградбата на Нојшванштајн била неопходна современа технологија, и затоа замокот претставува големо технолошко и градежно достигнување. Во неа се вградени парни машини, струја, современа вентилација, водовод и парно греење.

Денес е речиси заборавено дека Лудвиг II бил покровител на современото иноваторство и се заложил за електрификација на јавниот живот во Баварија. Неговите нови дворци биле првите објекти кои користеле струја (т.е. Венерино грото во Линдерхоф) и други современи средства. Со неговите проекти, Лудвиг одржувал во живот многу занаети, кои инаку би изумреле, со кои исто така овозможувал работа и приходи за многубрајни занаетчии, мајстори, градежници и уметници.

Наводи

  • Blunt, Wilfred, The Dream King - Ludwig II of Bavaria, Hamish Hamilton, London, 1970, ISBN 241-01899-4
  • Neuschwanstein Castle - the Official Guide, Bayerische Schlosseverwaltung.
  • Spangenberg, Marcus, (англиски превод: Katherine Vanovitch) "The Throne Room in Schloss Neuschwanstein. Ludwig II of Bavaria and his Vision of Divine Right, [Schnell & Steiner], Regensburg, 1999, ISBN 3-7954-1233-1

Надворешни врски

Странски

Македонски

Категорија:Згради и градби во Баварија Категорија:Туристички атракции во Германија Категорија:Замоци во Германија

Категорија:Избрани статии на ka.вики

ar:قصر نويشفانشتاين ast:Neuschwanstein bar:Schloss Neischwanstoa be-x-old:Нойшванштайн bg:Нойшванщайн br:Kastell Neuschwanstein bs:Neuschwanstein cs:Neuschwanstein da:Neuschwanstein de:Schloss Neuschwanstein en:Neuschwanstein Castle eo:Neuschwanstein es:Neuschwanstein et:Neuschwansteini loss eu:Neuschwanstein fa:نوی‌شوان‌شتین fi:Neuschwanstein fr:Château de Neuschwanstein he:טירת נוישוונשטיין hr:Dvorac Neuschwanstein hu:Neuschwanstein id:Kastil Neuschwanstein is:Neuschwanstein it:Castello di Neuschwanstein ja:ノイシュヴァンシュタイン城 ka:ნოიშვანშტაინის სასახლე ko:노이슈반슈타인 성 la:Schloss Neuschwanstein lt:Noišvanšteinas mr:नॉयश्वानस्टाइन nds-nl:Neuschwanstein nl:Slot Neuschwanstein nn:Neuschwanstein no:Neuschwanstein pl:Neuschwanstein pt:Castelo de Neuschwanstein ro:Neuschwanstein ru:Замок Нойшванштайн simple:Neuschwanstein Castle sk:Neuschwanstein sl:Neuschwanstein sr:Нојшванштајн sv:Neuschwanstein th:นอยชวานชไตน์ tr:Neuschwanstein uk:Нойшванштайн ur:نیوشوانسٹائن vi:Lâu đài Neuschwanstein zh:新天鹅堡 zh-min-nan:Neuschwanstein Siâⁿ-pó

Објавувате коментар
Совети
Подредете по:
Hanna Avlas
29 September 2016
Surroundings of the castle and castle itself are so picturesque, stunning, and breathtaking... but inside the castle is dark and gloomy. Obviously, the resident (king Ludwig II) was an unhappy person.
Stephen D
19 September 2017
Tour felt rushed and only covers the small-ish percentage of the castle which was fully completed but it's an impressive building nonetheless and worth a visit if nearby
Drew Milam
5 June 2018
If you can, avoid the crowds! Take the 10-15 minute walk to the view bridge of the castle - great angle for pictures. Castle is amazing and worth the trip.
Eleonora Marta
14 February 2020
A must see. Completely crowded, even in wintertime. Marienbrucke And the road there closed even if there was a bit of snow ???? Parking 7€. Road up is quite easy, if with child worth to take a stroller.
Bernardo Salazar
27 March 2016
Beautiful Disney-like castle. You can do a 20-minute walk up from the parking area or hop into a horse car for 6€. Ticket lines are long on the holidays and you may not get a chance to enter castle.
Absar Shah
30 October 2017
Beautiful spot. Tickets for the guided tour sell out early,l. However, the guided tour lasts about 30 minutes and really isn’t worth much. The walk up top is great. Wear super comfortable shoes.
Локација
Мапа
Адреса

Neuschwansteinstraße 20, 87645 Schwangau, Germany

За да добиете насоки
Работно време
Fri-Sun 10:00 AM–6:00 PM
Mon-Tue 10:00 AM–5:00 PM
Wed 10:00 AM–6:00 PM
Референци

Neuschwanstein Castle за Foursquare

Хотели во близина

Видете ги сите хотели Види се
Hotel Das Rübezahl

почнувајќи од $304

Helmerhof

почнувајќи од $151

Das Schwanstein

почнувајќи од $72

Landhotel Guglhupf

почнувајќи од $115

Haus Luna

почнувајќи од $162

Hotel Waldmann

почнувајќи од $87

Препорачани место во близина

Види се Види се
Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Нојшванштајн

Нојшванштајн (германски: Schloss Neuschwanstein, во превод „нова лебе

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Hohenschwangau Castle

Hohenschwangau Castle or Schloss Hohenschwanstein (lit: High Swan

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Fussen Castle

Fussen Castle е туристическа атракция, един от най-Замоци в Füssen ,

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Linderhof Palace

Linderhof Palace (German: Schloss Linderhof) is a palace in Germany,

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Wies Church

The pilgrimage church of Wies (German: Wieskirche) is an oval rococo

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Цугшпице

Цугшпице (германски: Zugspitze) — највисок врв во масивот Ветерштајн,

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Rottenbuch Radio Tower

The Rottenbuch Radio Tower is a transmitting tower of the Vodafone

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Große Olympiaschanze

The Große Olympiaschanze (English: Large Olympic Hill) is a ski

Слични туристички атракции

Види се Види се
Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Лондонска кула

Лондонската кула (англиски: The Tower или Tower of London) или Крал

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Château de Vincennes

The Château de Vincennes is a massive 14th and 17th century French

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Stirling Castle

Stirling Castle, located in Stirling, is one of the largest and most

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Château Royal de Collioure

The Château Royal de Collioure is a massive French royal castle in

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Balmoral Castle

Balmoral Castle is a large estate house situated in the area of

Видете ги сите слични места