Национален олимписки спортски комплекс или Олимпискиот стадион (украински: Національний спортивний комплекс «Олімпійський») е стадион кој се наоѓа во Киев, Украина.
Стадионот е еден од најголемите во Европа, со капацитет од 70.000 гледачи. На овој стадион биле одржани Летните олимписки игри во 1980 година, а на овој стадион исто така ќе се одржи и финалето од Европското фудбалско првенство во 2012 година.
Во времето кога бил изграден, стадионот имал капацитет од 100.000 гледачи.
По прогласувањето на независност од страна на Украина во рамките на Советскиот Сојуз, стадионот својот национален статус го добил во 1996 година. Овој стадион уште се нарекува и Централен стадион или Републички стадион. Во периодот од 1997 до 1999 година, стадионот бил реконструиран според тогашните нови правила за безбедност наложени од ФИФА, и капацитетот бил намален на 83.450 гледачи.
На овој стадион, своите домашни натпревари ги играл ФК Динамо Киев, но во 1998 година, клубот одлучил да се пресели на стадионот Лобановски. По ова, стадионот главно се користи од страна на Украинската фудбалска репрезентација, како и во поголемите натпревари, главно во европските купови, од страна на Динамо. Од 2008 година, по добивањето на статусот за организирање на европското првенство во фудбал во Украина, стадионот повторно започнал да се реновира.
Се планира капацитетот да биде намален на 70 050 гледачи, а самото игралиште од 104х72 метри да се зголеми на 105х68 метри.